СО ФИТНЕС ЗА ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ

by • January 12, 2016 • MyLife, ФитнесComments (0)683

Како фитнесот влијае на здравјето на луѓето и нивниот начин на живеење се разликува кај секој човек. Вежбањето влијае на три области од животот на луѓето:

Физички

Ги зајакнува мускулите и кардиоваскуларниот систем, и се спречуваат многу хронични заболувања, дебелина, срцеви заболувања, дијабетес, одржување на физичката и здравствена состојба на коските, зајакнување на имунолошкиот систем, подобрување на мобилноста на зглобовите …

Ментално

Подобро функционирање на мозокот, зачувување на менталната функција, подобра меморија …

Емоционално

Подобро расположение, оптимизам, спречување и ублажување на депресија …

fitnes 1

Вежбите се поделени по тоа каков е ефектот што го имаат врз целокупното здравје и затоа имаме вежби за:

Истегнување – тоа се вежби за флексибилност, подвижност на мускулите и зглобовите, вежби кои се за подобрување и зголемување на нивната елестичност и тонус.
Аеробни вежби – за зголемување на кардиоваскуларната издржливост како што се: трчање, пливање, возење велосипед, тенис, пешачење.
Анаеробни вежби – за да се зголеми мускулната сила и издржливост во краток временски период – спринт, кревање тегови.

Така, придобивките од вежбањето се бројни, но резултатите зависат од неколку фактори, а тоа се:

правилна исхрана,
вистинскиот избор на програма за вежбање,
упорност,
и се разбира генетскиот фактор!

Pin It

Related Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *