ВЕЛНЕС ТРЕНДОВИ ЗА 2016

by • February 4, 2016 • MyLife, Актуелно, ФитнесComments (0)565

Светот на нутритивноста и здравјето е во постојана промена. Но, што следно можете да очекувате? Тимот на грижа за храната, на своите состаноци, разговарале за тоа што ќе биде препорачано за оваа година како здрав избор. Еве што препорачуваат како велнес трендови за 2016 година:

Технолошка детоксификација – луѓето за викендите треба да се тргнат од технологијата со цел да им посветат внимание на семејството, пријателите, но и на самите себе. Заклучете ја сета своја технологија во орманот и препуштете се на уживањето, дури да е тоа и во пустина.

Изградете сопствен бар за пијалаци – каде и да одите, направете си во својот блендер пијалак, бидејќи омилените природни состојки ќе бидат благодет за вашето тело.

– Се повеќе и повеќе ресторани за брза храна ќе прераснат во ресторани за здрава и органска храна. Оваа добра храна ќе можеме да ја јадеме во деновите кога сме зафатени. Ако не можете да најдете слободно време за готвење, тогаш нема да можете да најдете изговор за Вашата нездрава исхрана.

Мача (Matcha – вид на зелен чај) ќе го замени кафето и зелениот чај. Ова зелено уживање ќе почнете да го додавате во појадокот, салатите, сладоледот… каде што ќе можете таму ќе наросувате од ова зелено и здраво уживање.

Голем број од популацијата ќе бараат засолниште во своите домови. Луѓето сакаат да се скријат од секојдневниот хаос, поради тоа од дома ќе можат да ги употребуваат понудите за јога, медитација, здравје, фитнес програмите од дома. Јавните програми, апликации и дигитално достапните планови за здравје ќе бидат многу популарни, така што, луѓето ќе можат да ги искористат работите што ги сакаат, не е важно каде се во моментот.

Етеричните масла ќе го завземат своето место, луѓето ќе почнат многу почесто да ги употребуваат во својот живот. Етеричните масла ќе ги разбудат Вашите сетила, ќе ја разубават Вашата кожата, ќе ја исчистат Вашата куќа, тие едноставно се еликсир.

velnes nas

– Кога станува збор за слабеењето, тука нема да има големи промени, програмите ќе имаат холистички пристап. Губењето на килограмите ќе биде лесно, бидејќи луѓето ќе јадат здраво, поради тоа нема да биде во фокусот на вниманието.

– Модата, уредувањето на домовите и уметноста во овој период ќе бидат под влијание на Скандинавија. Но, влијание ќе има и врз храната, бидејќи тие ги имаат најздравите диети на светот. Така луѓето ќе се насочат кон црн леб, риба и зеленчук, бобинките.

– Растителното млеко во рестораните и кафетериите ќе бидат нудени во разновидни облици, со егзотични вкусови, но и во готовите производи.

– Зрната ќе се вратат во мода. Овие зрна заслужуваат внимание, бидејќи се идеален додаток во Вашата исхрана, на пример, просото, тефот и амарантот, некои житарици се маргинализирани за разлика од останатите на пример, оризот, леќата, киноата.

– Ќе се пијат многу хербални тоници и еликсири. Ајурведа (традиционална медицина на Индијанците), билкарството и naturopathy (традиционална медицина) ќе се зголеми нивното влијание. Ледените чаеви, природните сокови и пијалаци ќе ги заменат апчињата, кои ќе имаат многу здравствени придобивки.

– Ферментираните јадења, пијалаци и здравјето на цревата ќе земат замав, повеќето ќе го насочат своето внимание кон здравјето на своите црева, а со тоа ќе придонесат за целокупното здравје.

– Со порастот на ГМО (генетски модифициран организам), ќе се воведат поголеми законски мерки или во многу земји ќе бидат забранети овој вид на производи.

– Кафето нема да биде третирано како до сега, бидејќи ќе се создадат кафиња кои ќе бидат поздрави. Ладно цедени, употребата на растителните млека, но и употребата на поздрави методи за обработка ќе бидат од големо значење за здравјето на луѓето. Кафето нема да има штетни последици.

– Оваа година ќе биде година на витамините. Храната во прав, цедените сокови, ледените сокови ќе ги заменат полиците полни со газирани и нездрави пијалаци.

 

 

 

Pin It

Related Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *