zitarici nas

ВИСТИНАТА ЗА ДЕТСКИТЕ ЖИТАРИЦИ

by • February 5, 2016 • MyLife, ДецаComments (0)1355

Дали знаете дека детските житарици, во просек, содржат 40% повеќе шеќер од житариците за возрасни? Тоа е вистината за детските житарици. Од производ до производ има разлика, но можете да замислите што нашите деца внесуваат во својот организам и тоа постојано. Некои деца ги сакаат секој ден за појадок… Кога ќе го отвориме производот, во него гледаме шарени форми кои не мамат и нас, си мислиме на тоа како нашето дете има здрав појадок, полн со витамини и хранливи состојки. Но, реалноста за овие шарени, привлечни и здрави житарици паѓа во вода. Секоја година се даваат многу пари за реклами и промовирање на овој вид на храна. Се даваат пари за најразновидни машини кои го прават производот во најразновидни форми, со цел децата да бидат привлечени од формата, да застанат пред полицата во маркетот и да навалуваат да го купат. Но, тврдењата и рекламите за големите и полезни својства од оваа храна се невистинити. Видете ги работите одблизу!

zitarici 1

Добриот маркетинг го продава производот. Вашите деца ќе се излажат со шарената маскота, омилениот цртан лик, плишаното мече или играчката автомобил во кутијата, која ја добивате бесплатно. Овие шарени житарици не се воопшто шарени. Погледнете подобро, содржат високо ниво на фруктоза (сируп полн со лош шеќер, а е поврзан со голем број на здравствени проблеми), содржат ГМО (генетски модифициран организам кој е многу штетен), БХА (отровна супстанција која предизвикува рак), содржи соин лицитин (отровен адитив), содржи annatto (отровна, а природна арома, која може да предизвика главоболка и други проблеми), содржи БХТ (хемиско соединение кое влијае на мозокот) и други токсични материи кои се премногу штетни.

Тешко е да се оди против овие големи производители на житарици за деца. Но, чекор по чекор, можете да направите разлика. Морате да најдете начин, да им кажете на Вашите деца дека тоа не е здраво за нив. Внесете шареноликост во нивната исхрана, направете ги домашните рецепти шарени и интересни, така децата ќе ја засакаат домашната храна.

Погледнете што стори Josh Gottsegen. Тој на интересен начин го претставува сето тоа. Погледнете:

 

 

 

 

Pin It

Related Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *