ФЕРМЕНТИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТ БЕЗ АНТИБИОТИЦИ

by • February 19, 2016 • ИсхранаComments Off on ФЕРМЕНТИРАНА ХРАНА ЗА ЖИВОТ БЕЗ АНТИБИОТИЦИ1254

Некои луѓе ја сакаат ферментираната храна, најчесто на нашите простори станува збор за кисела зелка, комбуха, краставички, пиперки, но и производи како што се јогурт, кефир и кисело млеко. Но, зошто ја сакаме таа храна? Бидејќи таа храна е здрава! Ферментираната храна, го претвора шеќерот во енергија и млечна киселина. Тој процес создава неверојатни ензими и пробиотици, а истовремено се намалуваат шеќерите во храната и пијалаците. Можеби веќе знаевте дека оваа храна е богата со пробиотици, но еве уште неколку причини да јадете ферментирана храна:

Задржете го Вашето здравје!

Млечните киселини во текот на ферментацијата го поттикнуваат растот на здравата флора во цревата. Кога имате здрава рамнотежа со добри бактерии, тогаш Вашето целокупно здравје е во подем, а тука станува збор и за имунитетот. Луѓето што се осетливи на млеко, можат да пијат јогурт, бидејќи она што нивниот организам не го поднесува од млекото, се разложува во процесот на ферментација.

 Зголемен внес на витамините А и Ц!

Млечната киселина ја подобрува апсорпцијата на витамините А и Ц. Витаминот Ц е важен за многу функции во телото, вклучувајќи го и производството на колаген во кожата. Исто така, го подобрува имунитетот, а има и антибактериско дејство. Витаминот А пак, помага во регулирање на клеточниот раст и помага во одржувањето на здравјето на очите.

 Помогнете му на Вашето тело да се ослободи од токсините!

Процесот на ферментација ги разградува хранливите состојки во храната и на тој начин се врзуваат со токсините и се исфрлаат од телото.

 Шеќерот во Вашата храна се намалува!

Бактериите кои се создаваат во текот на ферментацијата го отстранува шеќерот од храната. Тоа значи, повеќе ферментирана храна, помалку шеќери. Односно, шеќерот го започнува процесот на ферментација.

FERMENTIRANA HR

 Богатство од витамин К2!

Овој витамин е важен во борбата против ракот. Ферментираната храна изобилува со витамин К2. Истражувањата покажаа дека зголемениот внес на витаминот К2 го намалува ризикот од рак на простата. Преку исхраната со билки, нема да пронајдете толкаво количество на витамин К2, но ако се ферментирани, тогаш со сигурност ќе има зголемено количество на витамин К2.

Лесна храна за Вашиот дигестивен систем!

Ако сакате здравје за Вашите црева, тогаш ставете ја на мени оваа храна. Не дозволувајте Вашето тело да пати. Ферментираната храна ќе Ви помогне, бидејќи содржи ензими кои се благослов за Вашиот стомак. Ензимите се многу важни во процесот на варење на храната, со нив ќе се апсорбираат и искористат хранливите материи во организмот. Со текот на годините ензимите се намалуваат во организмот. Истражувачите укажуваат на фактот дека, поради овие причини, човекот ќе може да живее подолго и да биде поздрав. Мора да се заштитиме од губењето на ензимите.

Подобрете го имунитетот!

Многумина од здравствените експерти веруваат дека цревата се најголем имунолошки орган во телото. Многу хронични болести се поврзани со воспаленијата во телото. Состојбите како што се: дијабетес, срцеви заболувања и ракот, настануваат поради нерамнотежата на бактериите во стомакот, а со тоа се предизвикуваат воспаленија во телото. Ние сме она што го јадеме! Кога јадеме здрава и ферментирана храна, тогаш ние му помагаме на нашето тело, добиваме повеќе витамини и минерали, а го намалуваме ризикот од воспаленија и болести.

Имајте поголема доза на среќа!

Пробиотиците влијаат на неуротрансмитерите во мозокот, го подобруваат расположението и го намалуваат хормонот на стрес. Овие бактерии се одговорни за околу 80 – 90% од производството на серотонин, хормонот на среќа. Здрави црева, значи здрав човек. Јадете поголемо количество на ферментирана храна дома. На пример, започнете со комбуха, кефир, кисела зелка и репа.

Храната која сакате да ја ферментирате е со прифатлива цена, и секој може да си ја дозволи. Ова е уште една причина плус за да почнете да ја употребувате. Не заборавајте дека ферментираната храна има подолг рок на употреба!

Pin It

Related Posts

Comments are closed.