domati

Доматите и здравјето

by • June 5, 2016 • MyLife, Актуелно, Деца, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Доматите и здравјето996

Кога станува збор за доматите и здравјето, тогаш секој човек мора да знае дека големината не игра голема улога во нутритивните вредности. Исто така, органско одгледаните домати се значително похранливи од конвенционално одгледаните. Доматот својата боја ја добива од ликопенот (интензитетот на црвената боја, не го одредува количеството на ликопен), кој има голема хранлива вредност, Ве заштитува од ракот, но во исто време е добар антиоксидант.  Интересен е фактот што ликопенот при готвење ја зголемува својата вредност. Но, важно е да купувате домати во стаклени шишиња или тегли, заборавете на доматните сосови во конзерва, бидејќи содржат вештачки естроген. Ако сакате богатство од витамин Ц, тогаш на мените морате да го зачестите доматот во секаков облик, бидејќи ќе придонесете во борбата против инфекциите и зајакнување на имунолошкиот систем.

            Не заборавајте дека доматите кои се одгледуваат во органска почва имаат поголема фенолна содржина (на пример, сос во преод). Но, кога станува збор за големината на овој плод, тогаш не треба да се фокусирате кон големината, што помал домат, тоа значи поголема хранлива вредност.

domat

            Ако сакате да го подобрите својот живот и животот на Вашите деца, тогаш не купувајте количина, купувајте квалитет. Синтетичките ѓубрива, хербицидите, пестицидите, не можат да Ви донесат ништо полезно. Можат да го уништат имунолошкиот систем, да го нарушат ендокриниот систем, да доведат до неплодност, спонтан абортус итн. Доматите и здравјето одат заедно!

Здравствени придобивки од доматите

            Доматите се богати со флавоноиди (други фитохемикалии), витамини Ц, А, Е, Б комплекс, калиум, манган, фосфор, кверцетин, рутин, нарингенин, ликопен итн. Ако сакате да го намалите ризикот од лошиот холестерол (ЛДЛ), триглицериди, удари (срцеви и мозочни), дијабет, проблеми со простата, карцином (дојка и простата), невролошки пореметувања, неплодност, дебелина, проблеми со коските (остеопороза) итн. Но, ако имате проблеми со чир на кожата, мозолчиња, митесери и други кожни заболувања, тогаш доматот ќе Ви биде од корист. Едноставно, ставете на заболеното место (парче) и решете го проблемот. Ако имате запек, проблем со варењето или хемороиди, тогаш секојдневно јадете домати. Со внесувањето на домати во Вашиот организам ќе ја заштитите кожата од штетните сончеви зраци.

tomatosauce

Приготвување

          Ликопенот е растворлив во масло, а тоа значи дека може да се приготвува со здрави масла. Доматите треба да бидат свежи, а ако подготвувате јадења со  доматен сос или доматен кечап, тогаш внимавајте на амбалажата (конзервираниот домат содржи големо количество на бисфенол). Гответе со домати, бидејќи хранливите вредности со загревањето се зголемуваат. Зошто во манџата да ставате класична запршка, кога можете тоа да го направите со сос од домати, доматно пире или доматен кечап! Не ја лупете кожата од доматот, бидејќи во неа има голема содржина на влакна и витамини (исецкајте ги на ситни парчиња, така кожата од доматот нема да Ви пречи). Пригответе интегрални тестенини со сос од домати, доматно пире или доматен кечап во кои ќе додадете рузмарин, нане или оригано.

            Болестите треба да се спречат, но ако веќе имате некој здравствен проблем, тогаш веднаш купете производи од домати кои ќе Ви ја ублажат здравствената состојба во која се наоѓате. Внимавајте што купувате, не ја гледајте количината, пригответе го производот на соодветен начин. Доматите и здрајето одат заедно, уживајте во вкусот!

Pin It

Related Posts

Comments are closed.