ЗОШТО ОРГАНСКИ БАДЕМИ?

by • June 12, 2016 • MyLife, Здравје, Исхрана, Рецепти, Убавина, ФитнесComments Off on ЗОШТО ОРГАНСКИ БАДЕМИ?1136

Зошто органски бадеми? Органски, бидејќи се одгледани на природен начин, не се пастеризирани и се сурови. Овие бадеми ќе Ви овозможат вкус кој ќе сакате да го додадете во домашните колачи, напитоци или едноставно да си направите домашно бадемово брашно. Бадемите нека бидат дел од Вашата исхрана и ќе заборавите на здравствените проблеми кои Ве мачат. Еве неколку насоки зошто органски бадеми:

Холестерол

Органските бадеми имаат највисока количина на незаситени масни киселини, односно здрави масти кои го намалуваат холестеролот. Намалете го лошиот холестерол (ЛДЛ) и заштитете го срцето.

Антиоксидантно дејство

Ако сакате да го поддржите својот имунолошки систем, тогаш јадете бадеми, бидејќи во себе содржат големо количество на витамин Е (форма на витамин Е, алфа-токоферол). Помогнете му на телото во создавањето на црвени крвни клетки и во борбата против слободните радикали. Задоволете ја потребата од витамини, само така ќе бидете здрави!

seckani

Протеини

Послужете му на Вашиот организам порција протеини, само на тој начин ќе бидете сигурни дека ткивото ќе биде обновено. Една рака бадеми се препорачува за сите оние кои знаат што е добро за нивниот организам (на пример, кај оние што вежбаат, а по напорниот тренинг сакаат да го одржат мускулното ткиво, тогаш нека земат рака органски бадеми).

Хранливи материи

Бадемите во себе содржат витамин Б, калиум, бакар, манган, калциум, железо, магнезиум, растителни влакна, потребно Ви е една рака органски бадеми за да ги задоволите дневните потреби на организмот.

Шеќер во крвта

Намалето го гликемискиот индекс во крвта. Луѓето кои имаат проблем со шеќерот не треба да ги избегнуваат бадемите.

Како и кога да ги јадете

Бадемите можете да ги јадете меѓу оброците, така ќе постигнете ефект на заситеност. Можете да ги измешате со ореви, овошје или овес. Но, можете да направите вкусен крем од бадеми, ставете во блендер 3 чаши органски бадеми, блендирајте додека не добиете кремаста смеса, но додека блендирате, со лажица мешајте го путерот (исклучете го блендерот). Исто така, земете органски бадеми и исечкајте ги на тенки парчиња (бадем во листови), потоа наросете во салата, колачи и печива.

Поради богатата хранливост, бадемите можат да бидат одлична храна во борбата со килограмите. Нема да чувствувате глад и премаленост, а зголемената телесна тежина ќе стане минато.

Внимавајте што купувате, бидејќи на производот може да пишува ,,сурово’’, а производот да не е таков, односно производот може да биде обработен со водена пареа, може да биде обработен со процес на јонизирање, може да биде печен или пак третиран со пропилен оксид. Јадете органски бадеми кои се необработени!

puter

Бадемите се препорачуваат при констипација, проблеми со дишните патишта, срцеви проблеми, анемија, импотенција, проблеми со шеќерот во крвта, нервниот систем, мозокот, Алцхајмерова болест итн. Бадемите ќе Ви помогнат при проблеми со косата, кожата и забите. Но, ако сакате енергија преку целиот ден, исто така, не треба да ги одминувате овие јаткасти плодови. Ако сте бремени тогаш земете бадеми и уживајте, бидејќи фолната киселина која се наоѓа во бадемите ќе придонесе за нормален развој на плодот.

Ако сакате да се заштитите од ракот, тогаш идеално решение е бадемот. Но, бидете внимателни со употребата на бадемите ако имате проблеми со бубрезите и жолчката, бидејќи содржи оксалат.

Има многу причини зошто органски бадеми!?

 

 

 

Pin It

Related Posts

Comments are closed.