puding kuzu

ОРГАНСКО КУЗУ-КОРЕН КОЈ ЛЕКУВА

by • July 9, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on ОРГАНСКО КУЗУ-КОРЕН КОЈ ЛЕКУВА2424

Органско кузу-корен кој лекува, а го употребувале од многу одамна источните исцелители. Кузуто е одлична замена за штетните лекови кои се даваат како терапија за најразлични болести. Кузуто може да биде Вашиот домашен лек, можете да го употребувате при лекување на настинка, проблеми со варењето, го стимулира апетитот, го намалува крвниот притисок, го регулира шеќерот во крвта, ги ублажува симптомите од хроничната мигрена, лекува хронична мускулна болка, лекува хроничен алкохолизам, помага при невролошки заболувања, кардиоваскуларни болести и сл.

Кузуто е идеален згуснувач кој се употребува за подготовка на сосови, супи, зеленчук, но бидејќи има способност да одржува рамнотежа, тој е идеален за подготовка на пудинг, пита, шлаг и колачи. Кузуто нема вкус и нема боја, така што нема да ја промени бојата и вкусот на Вашите јадења. Во себе содржи скроб кој е многу поздрав од останатите видови на скроб, на пример скробот кој се наоѓа во пченката и компирот. Овој скроб е одлична замена за преработениот шеќер. Ако готвите со кузу, тогаш идеален момент за да го додадете во јадењата е на самиот крај, но претходно да биде растворен во вода. Кузуто е готово кога смесата ќе се згусне.

kuzu

Проблем со килограмите

Ако имате проблем со килограмите, тогаш земете 100мл вода, една лажица кузу, кој ќе го растворите со две лажици млака вода и половина лажица кафеав шеќер (може и цела лажица, по вкус). Ставете ја водата и кафеавиот шеќер на оган, пред да почне да врие, ставете кузу. Напитокот е готов кога ќе почне да се згуснува и кога ќе стане проѕирен. Ова можете да го употребувате пред јадење, два пати во денот. Така е ќе бидете сите, бидејќи апетитот ќе Ви биде намален.

Проблеми со стомакот

Ако Ве мачат проблеми со стомакот, имате бактериска инфекција, дијареа, болки, тогаш една чаша пудинг со кузу ќе го реши Вашиот проблем. Флавоноидите (антиоксиданти) кои ги содржи кузуто, ќе му помогнат на дигестивниот систем и ќе ја подобрат циркулацијата. Со протокот на крв ќе се стимулираат цревата, така што цревата ќе се ослободат од контракциите. Заборавете на грчевите. Овој рецепт ќе Ви помогне при проблеми со стомакот:

jabolko

Состојки:

½ чаша сок од јаболко;

½ чаша вода;

1 лажица кузу, растворен во 2 лажици вода.

Подготовка

На тивок оган во тенџере, ставете ги сокот од јаболка и водата. Пред да почне да врие, тргнете го тенџерето од оган, а потоа додадете го кузуто кое претходно го растворивте со вода. Потоа вратете го тенџерето на оган и мешајте постојано, кога ќе почне смесата да врие, оставете ја да врие (со постојано мешање) уште 2 до 3 минути и тргнете го тенџерето од рингла. Послужете и уживајте во вкусот, кој ќе Ви го смири стомакот.

Алкохолизам

Кога станува збор за хроничен алкохолизам, тогаш мамурлакот, гадењето, главоболката, вртоглавицата и повраќањето можат да се елиминираат со помош на кузуто. Овој хербален лек е познат уште многу одамна во Кина и Јапонија, а денес, исто така е значаен.

kuzu111

Кузу за Вашите најмили

Скробот од кузу може многу да помогне на децата кои се хиперактивни, но децата често се соочуваат со затвор (запек). Овој скроб ќе им помогне во борбата со проблемите со кои се соочуваат уште од најраната возраст. Коренот пак, најчесто се употребува во вид на чај, кој се меша со ѓумбир или цимет. Ако се чувствувате напнато и сте под стрес, кузуто многу ќе Ви помогне.

Скробот од кузу е дар од природата, за да се добие скробот рачно се сече коренот, во периодот кога сокот е сконцентриран во коренот. Рачно се бере и рачно се мие со планинска, изворска вода. Со помош на филтрација со изворска вода, се добива скроб кој потоа се суши, за на крајот да се добијат мали парчиња скроб кои имаат неверојатна полза врз здравјето. За разлика од другите видови на скроб, овој скроб се добива на природен начин и не се избелува. Органско кузу-корен кој лекува.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.