sejtan 026

Пробајте сејтан и заборавете на месото

by • July 28, 2016 • MyLife, Здравје, ИсхранаComments Off on Пробајте сејтан и заборавете на месото3364

Ако сте љубител на месото, тогаш пробајте сејтан и заборавете на месото (глутен од пченица, односно 100% глутен). Се нарекува месо од причина што го имитира составот на месото. Сејтанот води потекло од Азија. Верувајте ќе се изненадите од неверојатниот вкус кој го има ова пченично месо. Ова месо е на растителна основа, но со своите протеини е добра замена за говедското, свинското и пилешкото месо. Луѓето кои од здравствени причини не смеат да јадат месо или се вегани или вегетаријанци, тогаш повторно можат да уживаат во вкусот на месото. Кога станува збор за калории, тогаш сејтан месото не можеме да го вброиме во високо калоричната храна. Во сејтанот има голем број протеини, бидејќи од пченицата останува само глутенот (се меси тесто од пченица кое постојано се мие и меси), а се отстранува скробот. Сејтанот содржи есенцијални аминокиселини, фосфор, селен, витамин Ц, тиамин, рибофлавин, железо и ниацин.

3p

Денес во продавниците може да се најде сиров и пржен сејтан, но можете да го подготвите и дома. Сировиот сејтан кој се продава во продавниците е веќе варен и солен, а претходно е мариниран во соја сос или тамари сос. Ако се подготвува дома (има повеќе рецепти за подготвување на сејтан), тогаш Ви е потребно пченично брашно (тип 800 и тип 1100) од кое се замесува потврдо тесто. Се става брашно и се замесува со млака вода. Откако ќе се замеси се остава тестетото да мирува во млака вода околу 30 минути (тестото мора целосно да биде прекриено со вода), за да се отстрани скробот. Потоа тестетото се вади од водата и повторно се меси (5 минути), потоа се мие под млаз вода, наизменично со млака и ладна вода. По секое миење се остава тестото да се исцеди. Постапката се повторува додека не видите дека од тестото тече бистра вода (а не бела). Со оваа постапка добивате тесто кое наликува на гума, односно глутен. Добиеното тесто, ставете го во чиста газа и ставете го да се вари во солена вода еден час, а можете во водата наместо сол да додадете соја сос (вистинскиот рецепт е со соја сос или тамари сос). Можете при процесот на варење да додате зачин по Ваша желба, на пример бибер, кари, лук, кумин итн. Сејтанот можете да го исечете на коцки, можете да го исечете на тенки шницли, на ленти, ситно како мелено месо… Приготвениот сејтан можете да го употребувате во сите рецепти кои содржат месо, на пример, сарма, мусака, пица, полнети пиперки, манџи, плескавици, тестенини итн. Ако сте љубител на месото, тогаш пробајте сејтан и заборавете на месото.

Gluten-sejtan-pšenično-vegetarijansko-zamena-za-meso

Употребете ја својата фантазија и направете ги Вашите омилени рецепти, повикајте ги пријателите и видете ја нивната реација. Тестирајте го нивниот вкус, дали ќе забележат дека не јадат вистинско месо… Ако сакате да се уверите во разликата, тогаш испржете или испечете месо, но не му ставајте зачини. Пробајте и ќе забележите дека нема вкус, нема живот во она што сте го подготвиле. Така што, сејтанот може да биде добра алтернатива за љубителите на месото.

Луѓето кои боледуваат од целијачна болест или имаат нетолеранција на глутен, не смеат да го употребуваат сејтанот. Сепак, што и да внесувате во Вашиот организам треба да биде во нормални количини, претерувањето не е полезно. Ако сте љубител на месото, тогаш пробајте сејтан и заборавете на месото.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.