Closeup on pile of organic whole grain wheat kernels and ears

‘Ржта нека биде Ваше секојдневие

by • August 7, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, Исхрана, Рецепти, УбавинаComments Off on ‘Ржта нека биде Ваше секојдневие1025

Луѓето ги сакаат житарките, но ‘ржта нека биде Ваше секојдневие. Многумина оваа житарка ја поистоветуваат со пченицата, но ‘ржта има подолго и потенко зрно. Оваа житарка можете да ја употребувате како брашно или како цело зрно. ‘Ржта ќе Ви озвозможи добра количина на хранливи материи, бидејќи во себе содржи манган, магнезиум, влакна, бакар, калциум, фосфор, селен, пантотенска киселин, витамин Е итн.

1108705

Полезности од употребата на цели зрна ‘рж

Полисахаридите во ‘ржта лесно се сврзуваат со вода, а во исто време организмот се чувствува сит. Поради тоа, оваа житарка е полезна за употреба ако сакате да ги намалите килограмите. Нерастворливите влакна од ‘ржта, придонесуваат за спречување на појава на камчиња во жолчката. Храната богата со растителни влакна не само што предизвикува брзо движење на храната во цревата, таа го намалува лачењето на жолчна киселина, а тоа придонесува за намалена можност за создавање на камчиња. Составот на оваа житарица придонесува за намалување на ризикот од појава на дијабетес тип 2. Исто така, ‘ржаниот леб е подобра опција за луѓето заболени од дијабетес. Растителните влакна го штитат дебелото црево од негативното влијание на токсините. На овој начин ќе имате здраво дебело црево и ќе се заштитите од појава на рак. Заштитете ги сопствените клетки…

Холестеролот не е добар за Вашето здравје. Храната богата со влакна ќе спречи појава на холестерол, а поради тоа, целото тело ќе има полезност. Жените во менопауза, за жал, се соочуваат со појава на холестерол и висок крвен притисок. Во овој период, жените во своето мени треба да внесуваат ‘рж и тоа 6 пати во неделата. Кај луѓето кои имаат срцева слабост, растителните влакна ќе придонесат за намалување на ризикот од срцев удар. Лигнаните ќе придонесат за здрава цревна флора, која е од големо значење на целокупното здравје. Ентеролактонот во крвта е значаен, но за жените во периодот на менопауза е особено важен. Така што, растителните влакна ќе Ви го дадат потребното за да можете да функционирате нормално и да ги спречите несаканите болести. Менопаузата е дел од животот кога настануваат голем број на промени во организмот, така што, можете да си помогнете со употребата на ‘рж и ќе ја вратите улогата на естрогенот. Исто така, ракот на дојката може да се спречи со употреба на цели зрна ‘рж. Не чекајте да дојде периодот на менопауза за да го измените режимот на исхрана…

Fat-Rye-Noodles-1000

Кога станува збор за децата и состојбата на астма, тогаш може да се напомене дека на децата треба да им се воведе во исхраната ‘рж, бидејќи го намалува ризикот од појава на ова хронично заболување. Децата треба да внесуваат храна богата со растителни влакна, така ќе ја спречите појавата на стеснување на дишните патишта и гушење.

Подготовка

Кога подготвувате цели зрна ‘рж, секогаш измијте ги зрната под млаз, ладна вода. Потоа, отстранете ги нечистотиите. Ставете ја ‘ржта во тенџере со ладна вода (на една чаша ‘рж, ставете две  чаши вода) на оган и оставете ја да зоврие. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата и варете ја 2 часа. Исто така, оваа житарка можете да ја оставите во сад со ладна вода преку ноќ да отстои, а потоа да ја варите. Варениот ‘рж можете да го јадете со додатоци на разновидни семиња и овошје, можете да го измешате со варен ориз, можете да ја додадете како гарнир. Кога станува збор за брашното од ‘рж, тогаш подгответе палачинки, колачи и вкусен леб. Здравјето доаѓа преку устата… Целите зрна се непроценливо богатство за Вас и Вашето семејство. Во минатото ‘ржта се сметала како храна на ниската класа, но денес заслужено го завзема своето место.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.