fresh-foods

Што навистина претставуваат витамините?

by • August 19, 2016 • MyLife, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Што навистина претставуваат витамините?530

Што навистина претставуваат витамините? Витамините се соединенија (комплексни соединенија) од разновидна хемиска природа кои имаат важна улога во биолошките функции на организмот. Витамините се од клучно значење за здравјето на човекот. Често луѓето земаат синтетички витамини, бидејќи се лесно достапни и не бараат посебна подготовка. Со различните видови на витамини кои се во форма на таблети (некои се раствораат во вода, а некои се земаат орално), многумина сметаат дека прават добро за своето здравје. Со ваквата употреба на витамините можете да се предозирате, односно да внесете количество на витамини кои не му се потребни на организмот. Но со внесување на природни витамини, не можете да се предозирате и да му наштетите на организмот (не можете да изедете еден килограм портокали или да испиете еден литар природен сок од портокал).

fruits

Што треба да знаете за витамините?

Најдоброто за организмот е внесување на природни витамини, бидејќи знаете дека ги имаат сите соединенија во себе. Луѓето честопати земаат витамини и минерали преку таблети. На пример, витамин Ц земаат многумина на своја рака, но го земаат како синтетички витамин. Сите го испоистоветуваат витаминот Ц со аксорбинска киселина.  Витамините се соединенија, не може да се каже дека еден дел од тоа соединение е витамин. Кога станува збор за витаминот А, тогаш не може да се рече дека витаминот А е ретинол. Како што витаминот Е не е само токоферол. Тоа е исто како да правите салата од краставица и марула, а да ставите само оцет, маслиново масло и сол, а зеленчукот да не го ставите. Правете разлика меѓу синтетички и природни витамини. Некои состојки мораат да бидат во релација со други за да се добие посакуваниот ефект.

На пример, магдоносот и лукот не можете да ги јадете во голема количина самостојно, но кога ќе ги измешате со други производи, тие добиваат друга димензија. Овој случај го имаме и со витамините, не може да се изостават сите соединенија кои го сочинуваат витаминот и да се потпира само на една состојка и да се декларира дека таа состојка е витамин. Витамините се биолошки соединенија и дејствуваат во моментот на нивната активност. Активноста зависи од средината во која дејствуваат. За нештата да дејствуваат правилно, треба да се исполнат сите услово кои се потребни.

Hit-anti-aging-food-to-look-younger-than-you-are-7

Комплексните соединенија се активни или се активираат во одредени услови, така што, еден дел од тоа соединение не може да ја замени целината. Ова може да доведе до токсичност, бидејќи синтетичката копија на витамини го немаат истиот ефект како природните соединенија кои меѓусебно се надополнуваат. Овие витамине не се храна за клетките. На пример, витаминот А (во себе содржи: ретинол, каротин, витамин Ц, витамин Б итн.), ако од него се извади некоја од молекулите, тогаш не може да се очекува целосно здравје. Но, технологијата оди напред, така што со двоење на одредени молекули се добиваат витамини. Така настануваат синтетичките витамини.

Овошјето и зеленчукот се идеален извор на витамини и минерали. Ако сакате да го сочувате Вашето здравје, тогаш морате да одвоите време за да си подготвите нешто вкусно и здраво. Зошто да го надразнувате желудникот? Зошто да го оптоварувате црниот дроб? Зошто да употребувате синтетички витамини? Кога сето тоа можете да го сторите на природен начин и да не стравувате за Вашето здравје.

vitamin

Внимавајте што купувате, ако на амбалажата пишува дека некој производ е богат со витамини, тогаш прочитајте убаво за каков вид на витамини станува збор. Видете дали станува збор за природен витамин или синтетички витамин. Со  синтетичките витамини нема да дојдете до подобрување на Вашата здравствена состојба, напротив, може да Ве доведат до несакани нарушувања на здравјето. Најдете производи кои содржат природни и ,,вистинити’’ витамини, не го ставајте Вашето здравје на цедило. Здравствените проблеми можат да се одминат, но само со внесување на природни витамини и минерали, не очекувајте здравје од синтетички витамини и минерали. Клучните функции во телото им се препишуваат на витамините.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.