Зошто треба да внесувате органски сок од праска?

by • August 27, 2016 • MyLife, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Зошто треба да внесувате органски сок од праска?1789

Зошто треба да внесувате органски сок од праска? Првенствено, праската е овошје кое е богато со витамини и минерали. Многумина ја обожуваат поради нејзиниот неодолив мирис и совршен вкус. Сокот од праската дава сила и енергија, но во исто време штити од болести. Праската изобилува со цинк, магнезиум, железо, калиум, калциум, сулфур, витамин А, витамин Б1, витамин Б2, витамин Б9, витамин Ц, витамин Е итн.

Peach-Mimosa-31

Сокот од праска, можете да го измешате со друг вид на овошје. Можете да направите мешавина со јаболка, портокал, ананас, лимон, цитрон итн. Природните сокови се неверојатни за здравјето, бидејќи не можете да изедете големо количество на овошје, но можете да испиете една чаша свеж, органски сок. Во минатото, цветовите од праска (приготвувале чај од цветовите) ги употребувале за да се ослободат од стресот, но овој напиток го употребувале и како афродизијак. Исто така, бремените жени употребувале сок од праска за да го намалат ризикот од анемија и да внесат хранливи материи кои му се потребни на плодот.

Ако сакате здрави коски и заби, блескава кожа, здраво срце, здрав нервен систем, нормално функционирање на дигестивниот систем, ако сакате добар вид, добар имунитет, ако сакате да ги намалите килограмите, ако сакате да имате енергија, ако сакате да го спречите процесот на стареење, ако сакате природна детоксификација на организмот, тогаш сокот од праска нека биде Ваше секојдневие.

peach-583485_960_720

Здравствени придобивки

Сокот од праска е одличен во борбата со дигестивните нарушувања. Помага при гастритис, надуеност, затвор, тежина во стомакот, гадење и го подобрува варењето. Смирете ги болките во стомакот и прочистете ги цревата. Сокот од праска е природен диуретик и лаксатив. Со внесувањето на овој сок, ќе ја подобрите функцијата на бубрезите и мочниот меур. Со постојана употреба, ќе ги заштитите бубрезите и црниот дроб од болести. Со негова помош ќе се ослободите од камчиња во бубрезите.

Сокот од праска го штити срцевиот мускул и придонесува за подобрување на циркулацијата. Ова ќе придонесе за нормализирање на крвниот притисок и намалување на холестеролот. Праската е добар извор на железо, така што, на природен начин можете да го решите проблемот со анемијата. Исто така, ако сакате да ги намалите наталожените килограми, тогаш сокот од праска може многу да Ви помогне, бидејќи содржи ниско ниво на калории. Праската содржи витамини и минерали, ако ја употребувате редовно, тогаш ќе го намалите ризикот од пад на имунолошкиот систем. Тоа значи дека ќе го намалите ризикот од појава на сезонски и хронични заболувања.

fo_8bd59540a6e193c3_spcms_1

Заштитете ги очите и не дозволувајте да го изгубите видот. Сокот од праска ќе Ви помогне во зајакнување на мускулите и подобра циркулација. Поради количината на витамин Ц кој го содржи праската, Вашата кожа ќе има здрав и сјаен тен. Ослободете се на природен начин од акните, лузните, дамките и темните кругови. Праската е совршена за детоксификација на организмот. Таа има можност да ги регенерира кожата и ткивото. Лутеинот и ликопенот можат да спречат појава на макуларна дегенерација. Сокот од праска има антиоксидантно дејство и штити од воспалителни процеси, намалува оток и болка во зглобовите.

Доволно е една чаша сок од праска на ден за да го заштитите организмот и да го зајакнете имунитетот. Ако го подготвувате сокот од праски дома, тогаш внимавајте на нивниот квалитет. Сокот од праска треба да биде свежо исцеден. Праските треба да бидат убаво исчистени под млаз, ладна вода. Не ги лупете, бидејќи така ги фрлате хранливите материи, лушпата и пулпата треба да останат заедно.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.