guarana

Гуарана во прав

by • August 28, 2016 • MyLife, Здравје, Исхрана, ФитнесComments Off on Гуарана во прав1278

Гуарана во прав се прави од сушени, мелени семки од грмушки (paullinia cupana) кои растат во областите на Амазон. Од ова портокалово-жолто овошје се подготвува сируп, екстракт, прав, капсули, таблети и дестилати. Гуараната се употребува како арома, се употребува за подготовка на билни препарати, но и за подготовка на напитоци. Во минатото, гуараната ја употребувале за време на постите, кога во телото не внесувате одредена храна (се воздржувате), на тој начин луѓето ја враќале својата енергија и сила. Исто така, се користела како напиток кој стимулира. Многумина ја употребувале како замена за кафе или чај, поради кофеинот. Покрај кофеинот, гуараната содржи ксантин, теофилин, теобромин и полифеноли. Денес, гуарана во прав се употребува како енергетски напиток, но се употребува и за губење на телесната тежина.

Guarana_Powder_as_a_Brain_Stimulant

Ефедринот во комбинација со кофеинот, има синергиски ефект. Станува збор за подобрување и забрзување на метаболизмот, трошење на енергија и согорување на мастите. Гуараната може да ги подобри помнењето и меморијата, но во исто време и вниманието. Исто така, гуараната го подобрува расположенито и го подига нивото на издржливост. Гуараната е најдобро да се зема чиста, бидејќи има антибактериско дејство и е природен антиоксидант. Но, гуараната ја употребуваат за намалување на целулитот, но во исто време, ги отстрнува мастите од организмот.

Гуарана за енергија

Кога станува збор за енергијата, гуараната има сличен ефект како кафето, но гуараната подолго време ја задржува енергијата во телото. Тоа значи дека енергијата трае подолго време. Тоа се должи на дирекната стимулација на централниот нервен систем, а тоа влијае врз заморот. Зголемете ја енергијата и силата. Гуараната го зголемува притисокот, а поради тоа е идеален за луѓето кои имаат низок крвен притисок. Зголемете ја концентрацијата, виталноста и меморијата.

PB-Guarana-Capsules

Гуараната и килограмите

Кога станува збор за губење на тежината, тогаш гуараната уште од минатото се употребува за стимулирање на желбата за храна. Денес, гуараната е идеален напиток за луѓето кои сакаат да ја намалат својата тежина, односно при вежбањето, гуараната ги стимулира мастите во организмот да ги претвори во енергија. Така на природен начин се ослободувате од масните таложења во критичните делови од телото.

Гуараната и цревата

Гуараната има добар ефект врз дебелото црево. Гуараната го подобрува движењето на дебелото црево и го олеснува одењето во тоалет. Луѓето кои имаат проблем со затвор, сега можат да си ја олеснат физиолошката потреба на полесен начин. Отстранете ги непријатните гасови и надуеноста, односно исчистете го и направете детоксификација на цревата.

guarana Tea

Дозирање

Кога станува збор за гуараната во прав, тогаш мора да се напомене дека доволно е од 75мг до 100мг дневно. Гуараната во прав мора да се раствори во една чаша сок или една чаша млака вода, а потоа да се употребува. Луѓето кои имаа кардиоваскуларни проблеми, треба да побараат совет од лекар, но истото важи и за бремените жени и оние кои се во период на доење. Советувајте се со стручно лице ако сакате да ја употребувате гуараната. Гуарана во прав треба да се избегнува ако имате висок крвен притисок. Но, исто така, здравите луѓе не смеат да употребуваат големо количество на гуарана (над 300мг), бидејќи големата количина може да предизвика несоница, немир, треперење, дехидрирање, но не постои можност за токсичност.

Гуараната во прав треба да се чува на суво и темно место. Треба внимателно да го одберете овој производ, бидејќи многумина произведуваат прав кој не е квалитетен, дури го мешаат со други видови на растенија.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.