636053227793937914-1460749380_42528712954ddebef15fe09-93531036

На едноставен начин до среќа

by • September 9, 2016 • MyLife, Душа, Живот, Здравје, Исхрана, Убавина, ФитнесComments Off on На едноставен начин до среќа988

На едноставен начин до среќа. Посветете си време на себеси, здравиот начин на живот се состои од правилна исхрана, намалување на стресот, откажување од алкохолот, кафето и цигарите, вежбање, пешачење, одење на чист воздух и позитивни мисли. Правилниот начин на исхрана и вежбањето ќе го подобри расположението, ќе ја одржи тежината, а телото ќе функционира правилно. Ако сакате да се чувствувате убаво во сопствената кожа, тогаш внесете од 5 до 9 порции на овошје и зеленчук во текот на денот. Храната не смее да биде масна и не смеете да внесувате рафиниран шеќер. Пешачете, пуштете музика и почнете да вежбате, искосете ја тревата во дворот, соберете ги лисјата, возете велосипед или одете пеш по скалите. Правете нешто секојдневно, исфрлете ја негативната енергија од Вашиот живот, бидете насмеани и позитивни.

636006001470287601957863463_happiness-quotes-quotes-about-happiness-tpevent

Намалете го стресот, дружете се со луѓе кои шират позитивна енергија, оние негативните потрудете се да ги оставите настрана. Разговарајте со пријателите и внесете позитивност во секојдневието. Проблемите и стресот од работното место оставете ги на работа, не ја носете таа енергија во Вашиот дом. Изградете стабилни врски и секојдневно негувајте ги. Ширете љубов и позитивна енергија. За жал, луѓето прават промени кога веќе ситуацијата излегла од контрола. Секој почеток е тежок, но мора да се почне од некаде. Почнете уште денес и ќе ја забележите разликата. Подобрете си го расположението, зголемете ја енергијата, контролирајте ја тежината, спречете ги болестите, продолжете го животниот век, живејте го животот квалитетно. Оваа промена треба да биде на долг рок, ова не е нешто кое можете да го правите неколку недели, а потоа да се вратите на старите навики. Првиот месец ќе биде тежок, но потоа ќе научите да живеете здраво. Дајте си сила да започнете и одредете си цел… Тргнете кон целта уште денес.

Здравите навики не се само за луѓето кои имаат зголемена телесна тежина, не се само за луѓето кои имаат проблеми со здравјето, не се само за луѓето кои се под стрес или се депресивни… Здравите навики се за сите. Веднаш седнете и разговарајте самите со себе, размислете колку енергија имате, какво е Вашето расположение, дали нешто Ве мачи, дали имате проблеми со здравјето, дали доволно спиете (7-8 часа), дали сте депресивни, дали се силни Вашите врски (со пријателите и семејството), дали Ве мачи нешто, дали вежбате, дали пешачите, дали се храните здраво итн. Бидете искрени со самите себе, никој нема да ве осуди. Ако не сте задоволни од одговорите, тогаш морате да направите промена, но тоа не значи дека сте лош човек.

health-care

Направете план за цела недела, обележете ги деновите кога ќе вежбате или ќе пешачите (ако не можете секој ден, можете барем 3 пати во неделата да одвоите 2 часа за себе, направете 10 000 чекори). Не се откажувајте ако сте имале напорен ден и ако чувствувате замор. Следете го планот кој сте го зацртале и не правете отстапки. Не велете ,,Јас треба’’, туку ,,Јас сакам’’. Во бележникот можете да запишете што сте јаделе, што позитивно Ви се случило во текот на денот, запишете на кого сте му благодарни денес, едноставно, посветете го животот на позитивните случувања.

За појадок, не купувајте ладен сендвич, земете чинија со свеж зеленчук. Жедни сте, не земајте газиран сок, земете вода. Саката нешто слатко и вкусно, земете суво или свежо овошје. Не се прејадувајте, нема да се чувствувате убаво. Чувствувате бес и лутина кон некого или кон нешто, не се залажувајте дека храната ќе Ви помогне да ја заборавите или решите таа ситуација. Земете вежбајте или пешачете, ќе забележите како Вашето тело се смирува. Ако имате можност, можете да се посветите на медитација и јога. Телото и умот ќе Ви бидат благодарни. Исто така, пред да одите на спиење (најмалку два часа), исклучете ги телевизорот и компијутерот, земете интересна книга или разговарајте со семејството. Пред спиење не смеете да јадете, ниту да вежбате, можете да се релаксирата во топла бања или да се напиете чај. Верувајте дека така полесно ќе заспиете, сонот е многу важен (одете на спиење пред 12 часот). Дружете се, вежбајте, пешачете, избистрете го умот, јадете здраво и умерено, бидете позитивни, бидете среќни, поставете си цел, само така ќе му помогнете на Вашето тело, на Вашето здравје и на Вашиот ум. Бидете решителни и среќни.

download

Pin It

Related Posts

Comments are closed.