royal-jelly-health-benefits

Ревита производи од матичен млеч

by • September 10, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, ИсхранаComments Off on Ревита производи од матичен млеч1419

Ревита производи од матичен млеч се природни производи кои ќе го зачуваат Вашето здравје, но ако имате здравствен проблем, тогаш овие производи ќе Ви помогнат во процесот на лекување. Матичниот млеч е истовремено храна и лек. Матичниот млеч своите биоактивни својства ги губи во рок од 48 часа од моментот на собирање од кошницата. Но, со процесот на лиофилизација, матичниот млеч своите својства ги зачувува дури 2 години. Поради овој процес, може да се употребува за најразлични намени. Ревита производите се диететски производи кои се наменети за зачувување и одржување на здравјето, можат да го употребуваат сите возрасни групи. Ревита производите настанале со помош на соработката со компанијата Алтамеда и Руската академија на науките, со цел да им се помогне на луѓето. Со помош на лиофилизираниот матичен млеч, се овозможува здравје на голем број на луѓе. Сите Ревита производи се одличен додаток во исхраната. Матичниот млеч се состои од: белковини (за правилен раст, развој и нормално функционирање на организмот), масти и јаглехидрати (за енергија), минерали (неоргански елементи) и витамини (заштитни елементи). Содржи валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, триптофан, лизин, гликоза и фруктоза (овие шеќери организмот ги претвора во енергија и не го трошат инсулинот), калиум, натриум, калциум, фосфор, магнезиум, железо, цинк, кобалт, бакар итн.

revita-orange-doza1

Матичниот млеч се употребува за: хипотрофија и пореметување во исхраната на децата, за обновување и зголемување на белковини, албумин и алфаглобулини, подобрување на крвната слика при анемија, за третирање на бронхијална астма, за лекување при проблеми со нервниот систем, го подобрува сонот, помага при сенилност, ги обновува нервните келии, за ублажување на симптомите предизвикани од стенокардија, се употребува во козметиката и дерматологијата, помага во обновување на келиите, го намалува нивото на шеќерот во крвта, го обновува панкреасот, го зајакнува организмот, помага при склероза и менопауза, ја подобрува издржливоста кај спортистите, дава енергија, овозможува проток на кислородот во организмот, ги намалува триглицеридите и мастите, штити од кардиоваскуларни проблеми, ја намалува болката, го регулира крвниот притисок, го подобрува имунитетот, врши детоксификација на организмот, се употребува при хемотерапија и радиотерапија, при лекување на тумори, спречува појава на инфекции кај машките и женските репродуктивни орган, воспоставува хормонална рамнотежа, спречува појава на инфекции на уринарниот тракт итн.

revita-fe-250g

Производи

1.Ревита портокал е диететски производ од лиофилизиран матичен млеч и претставува вкусен напиток за секојдневна употреба. Тој треба да биде составен дел од секојдневната исхрана. Овој напиток можат да го употребуваат сите, го зајакнува имунитетот, го намалува стресот, добар е за луѓето кои напорно работат или тренираат, одличен е за децата во периодот на раст и развој, треба да го употребуваат луѓето кои се изложени на загаден воздух и загадена околина, дарете си виталност во поодминатите години. Препорачлива доза е три чаши Ревита портокал, но можете да пиете и повеќе. Зајакнете го имунолошкиот систем, бидете отпорни на секојдневниот стрес, заборавете на инфекциите и направете му детоксификација на организмот. Ако овој производ го употребувате подолг временски период, тогаш ќе бидете изненадени од брзата регенерација и заздравување на раните, инфекциите, нема да настинувате често, ќе имате физичка и ментална сила, ќе имате подобар сон и одлично расположение. Важна напомена е тоа што сите Ревита производи можат да се употребуваат заедно со лекови, храна и не е важно дали ја употребувате пред јадење или по јадење. Слободно употребувајте ја континуирано, не треба да се прават паузи.

revita-diet-9gr

2.Ревита диетален портокал е производ од лиофилизиран матичен млеч кој е одличен, нискокалоричен додаток во секојдневната исхрана. Овој производ е погоден за дијабетичарите, добар е за регулирање на метаболизмот, дава енергија, ја подобрува концентрацијата и помнењето, го зајакнува имунитетот, го подобрува сонот и расположението. Со пакување од 9г ќе направите напиток од 1,5л, кој ќе го употребувате цел ден.

3.Ревита шумски плодови е богатство од железо. Можете да го употребувате секојдневно, се препорачува за трудници, деца, доилки, при анемија, луѓе кои имале операција, повреда или губиток на крв. Не предизвикува мачнини, метален вкус во устата и гадење. Потребна е многу мала количина за да воспоставите рамнотежа во организмот.

revita-oriblete-1

4.Ревита таблети се природна помош при замор и пад на енергијата во текот на денот. Треба да ги употребуваат децата и студентите, бидејќи спречуваат настинка, даваат сила, енергија и ја подобруваат меморијата. Континуираната употреба е полезна.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.