3-bad-financial-habits-kids-learn-from-elders

Секојдневните активности се клуч за детскиот развој

by • September 11, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, ИсхранаComments Off on Секојдневните активности се клуч за детскиот развој422

Секојдневните активности се клуч за детскиот развој. Децата треба да се дружат и да си играат, а не постојано да бидат пред компјутерот и телевизорот. Детето на тој начин станува пасивно, не сака да се дружи, не ја троши енергијата и добива на тежина, секогаш е несреќно, постојано плаче и чувствува незадоволство. Децата кои седат повеќе од 2 часа на ден пред телевизор, компјутер или мобилен телефон, се соочуваат со проблеми. Не се хранат редовно, не комуницираат со врсниците, стануваат себични и посесивни, не се активни, не ја трошат енергијата итн. Во ниту еден случај не треба да се заборави дека децата треба да имаат ограничен пристап до технологијата, децата треба да се насочат кон други активности. Тоа време што го троши седејќи дома е залудно потрошено време. Згора на се’ си го расипува видот. Дарете му на детето желба (не да му ја наметнете Вашата неостварена желба) за спорт, физички активности, курсеви, музички секции итн. Насочете го во вистински правец. На детето треба да му се дозволи пристап до технологијата, само ако му е потребно нешто за на училиште.

active-kids

Денес технологијата зема замав, децата се постојано на социјалните мрежи, се информираат за многу работи, знаат многу повеќе отколку што треба… Денес не си во ,,мода’’ ако одиш на хор или кошарка, денес си во ,,мода’’ ако имаш нов мобилен телефон или нов таблет. Вредностите се изместија, за жал… Брзото секојдневие ќе ги натера возрасните да го вклучат телевизорот, да го сместат детето пред него, бидејќи се изморени и сакаат да се одморат. Зошто за тој час и половина, не му дадат на детето играчки или боенки… Ограничувањето е важно, детето треба да создаде навика за распоред, така ќе му биде полесно со текот на годините. Телевизорот и компјутерот не смеете да ги ставите во детската соба, така нема да имате увид во тоа на кој начин и за што ги употребува. Ставете ги во дневната соба и бидете во близина додека пребаруваат на интернет или додека гледаат филм. Воспоставете рамнотежа во домот, детето мора да знае кога треба да јаде, што треба да јаде, колку треба да јаде, кога треба да учи, кога може да си игра, колку треба да гледа телевизија, колку треба да седи пред компјутер, кога треба да мие заби, кога треба да оди во кревет итн. Навиките се стекнуваат од мали нозе. Детето треба да знае дека физичката активност, учењето, дружењето, здравата храна и сонот се бесценети.

Децата и активностите

Новороденчињата до 1 година, треба да имаат активности во безбедна околина, тој период е период на осознавање. Давајте им играчки (внимавајте, играчките треба да бидат наменети за возраста), читајте им, пејте им песнички и зборувајте им. Децата од 1 до 5 години, секојдневно треба да имаат активности. Цртајте со нив, раскажувајте приказни, учете ги што е правилно, правете форми од пластелин, учете ја азбуката, учете ги бројките итн. На оваа возраст детето треба да биде активно најмалку 3 часа во денот. Децата од 5 до 12 години, треба да бидат активни најмалку 1 час (умерена и енергична активност), но потрудете се овој период да биде до 3 часа во денот. Натерајте ги децата да се движат, да спортуваат (три пати во една седмица), така Вашето дете ќе има нормален и здрав раст и развој. Децата од 13 до 17 години треба да бидат активни најмалку 1 час (умерена и енергична активност), но потребно е активност од неколку часа за да ги зајакнат мускулите и коските.

children-title-image_tcm7-187853

Можеби звучи премногу, но децата имаат многу енергија. Таа енергија мора да се канализира на вистински начин. Насочете го детето на активности како што се пливање, пешачење, возење велосипед, танцување, трчање, скокање, ракомет, кошарка, тенис, фудбал итн. Детето треба да биде свесно за полезностите од активностите (не смеете да го терате да биде најдобро од сите), морате да му објасните дека ако биде активно ќе има силни коски и мускули, здраво срце и бели дробови, ќе има добра координација и рамнотежа, ќе има јак имунитет, ќе биде посреќно, ќе има здрава телесна тежина, ќе биде посамоуверено и поопуштено, ќе има подобар сон, ќе се забавува, ќе запознава нови луѓе итн. Дајте им добар пример на Вашите деца…

Pin It

Related Posts

Comments are closed.