maxresdefault

Афионот не е само опиум

by • September 15, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, ИсхранаComments Off on Афионот не е само опиум846

Афионот не е само опиум, тој припаѓа на групата маслодајни растенија кои се упоребуваат за готвење. Семето од афион се употребува како опиум уште во античкиот Египет, а денес е распространет во целиот свет. Афионот може да расте на плодна почва и сончева светлина. Убавите цветови на афионот во пролет ги красат полињата (сини, црвени или бели), подоцна се претвораат во топчести плодови кои во внатрешноста имаат семе. Семето од афион содржи растителни влакна, ниацин, пантотенска киселина, рибофлавин, тиамин, витамин А, витамин Ц, натриум, калиум, бакар, железо, витамин Е, бакар, селен итн.

66ae290cf54b82257c994380502256cc

Здравствени придобивки

Олеинската киселина помага во намалување на лошиот холестерол ЛДЛ и зголемување на добриот холестерол ХДЛ. Растителните влакна помагаат при проблеми со дигестивниот систем, но го олеснуваат и затворот (запек). Витаминот Б комплекс  овозможува да го подобри метаболизмот. Исто така, афионот содржи железо, бакар, калциум, калиум, манган, цинк и магнезиум. Поради тоа, афионот при создавање на црвени крвни зрнца, помага во процесот на раст и развој, производство на сперматозоиди, го подобрува варењето на храната, го регулира крвниот притисок и работата на срцето, но во исто време е одличен антиоксидант. Семето од афион го смирува телото, односно го смирува нервниот систем и ја ублажува болката. Семето од афион треба да го чувате на ладно, суво и темно место. Треба херметички да се затвори садот. Но, мора да се купува афион со врвен квалитет, така ќе бидете сигурни дека ќе можете да го употребувате 6 месеци. Семето од афион се употребува во многу култури. Од ова семе прават и ароматични масла. Семето од афион се употребува во форма на цели зрна, но се употребува и како додаток во најразлични рецепти. Можете да го додадете во интегрални тестенини, салати, пици, штудли, колачи, бисквити, сладок леб итн. Афионот се смета за семе кое многу ретко предизвикува алергии, поради тоа може да го употребуваат децата и жените кои се во период на бременост.

poppy-seeds-generic_650x400_41460458394

Калциум и фосфор

Една лажица афион ќе ја задоволи потребата од калциум и фосфор во текот на денот. Тие ќе му помогнат на организмот во изградба на коските и нивното здравје. Спречете појава на остеопороза, стимулирајте го нервниот систем, зајакнете го срцевиот мускул и овозможете создавање на црвени крвни клетки. Дарете му на организмот енергија и виталност. Процесот на стареење ги ослабува коските, но афионот ќе ја врати нивната цврстина и еластичност.

Железо

Протокот на кислород низ организмот е од клучно значење, кислородот е клучен за нормално функционирање на клетките. Но, во исто време, железото придонесува за добра мускулна активност и нормално функционирање на имунолошкиот систем. Но, афионот ќе Ви помогне и при проблеми со дигестивниот систем, ослободете се од проблемите со варењето на храната, но во исто време регулирајте ја тврдата столица. Стомакот мора да функционира нормално, така ќе се поттикне здравјето на целиот организам.

a398ded0fe6da4f108991fde55919e61

Цинк

Цинкот е од клучно значење за одржување на структурата на протеините, но помага и во развојот на нови и здрави клетки. Цинкот помага и при нормален раст и развој на имунолошкиот систем. Спречете ја појавата на дијабетес тип 2.

Семето од афион можете да го додадете во интегрални тестенини, варен зеленчук или измешајте го со варен кафеав ориз и грашок. Афионот има аналгетско дејство, поради тоа во минатото го употребувале за ублажување на болка и воспаленија. Го употребувале за заздравување при тешки заболувања. Денес, исто така се употребува во медицината.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.