family-psychology

Омега 3 масните киселини и нивната важност

by • September 16, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, ИсхранаComments Off on Омега 3 масните киселини и нивната важност563

Кога станува збор за омега 3 масните киселини и нивната важност, тогаш треба да се знае дека тие имаат моќ врз телото и умот. Омега 3 масните киселини треба да се внесуваат поради проблеми со депресија и аксиозност, бидејќи се најчестите заболувања во светот. Ако чувствувате летаргија или незаинтересираност  за животот, чувствувате тага и некое вознемирувачко чувство постојано ве мачи, премногу сте нервозни, тогаш омега 3 масните киселини ќе придонесат да се чувствувате подобро. Ако сакате добар вид или ако се соочувате со проблеми со видот, тогаш омега 3 масните киселини ќе ви помогнат со овој вид на проблем. Омега 3 масните киселини се од клучно значење за нормално функционирање на мозокот и мрежницата на окото. Со омега 3 масните киселини ќе го намалите ризикот од појава на макуларна дегенерација, а ако го спречите тоа, тогаш сте го спречиле и слепилото. Во периодот на бременоста се препорачува употреба на омега 3 масни киселини, бидејќи се обезбедува здрав мозочен развој. Исто така, бебињата треба да внесуваат омега 3 масни киселини, бидејќи се од клучно значење за нормалниот раст и развој на мозокот. Утврдено е дека, бебињата кои внесувале омега 3 масни киселини имале подобар вид од оние кои не внесувале. Омега 3 масните киселини кај децата придонесуваат за повисока интелигенција, подобри комуникациски вештини, помалку проблеми во однесувањето, го подобрува растот и развојот, го намалува ризикот од аутизам, астма и церебрална парализа, го подобрува видот, но во исто време спречуваат хиперактивност, немир, агресија и импулсивност.

omega-3-fatty-acids-healthy-food-linseed-oil

Кај возрасните, омега 3 масните киселини го штитат срцето, го намалуваат нивото на триглицериди, го регулираат крвниот притисок, спречува појава на тромб, ги зацврстува артериите, помага при воспалителни процеси, помага во спречување на појава на масни наслаги во делот на стомакот, има голема полезност врз симптомите предизвикани од метаболички синдром, помага во борбата со автоимуните заболувања, спречува појава на некои видови на рак (на пример, рак на дебелото црево, рак на простата, рак на дојка), помага во одржување на здравјето на црниот дроб, ги ублажува менструалните болки, го подобрува сонот, го подобрува изгледот на кожата, спречува предвремено стареење итн.

Која храна е богата со омега 3 масни киселини?

Кога станува збор за храната и омега 3 масните киселини, тогаш познато е дека масната риба изобилува со овој вид на киселина. Но, оние кои не се љубители на лосос, туна, сардина, остриги, јајца, треба да внесуваат ореви, ленено семе, кељ, лозов лист, спанаќ, чиа семе, прокељ, рукола, грав итн.

walnuts-pile

1.Оревите се богати со здрави масти. Идеални се за намалување на гладот и му даваат на организмот енергија. Најважно од се’ е тоа што треба да внимавате оревите да бидат органски и да внесувате 10 јатки на ден.

2.Лененото семе покрај омега 3 масните киселини, содржат растителни влакна и здрави масти. Додавајте го лененото семе секаде, на пример во цедени сокови, салати, супи, тестенини итн.

3.Кељ и прокељ се здрави видови на зеленчук кои ќе му обезбедат на телото омега 3 масни киселини, растителни влакна, протеини, витамин А и витамин Ц.

grape-leaf-1

4.Со помош на лозовиот лист во организмот ќе внесете омега 3 масни киселини и ќе го намалите ризикот од воспалителни процеси. Направете вкусни сармички од лозов лист со ориз и праз.

5.Спанаќот покрај тоа што е богат со железо и спречува анемија, тој содржи и омега 3 масни киселини и спречува срцеви заболувања и појава на канцерогени клетки.

6.Чиа семето покрај омега 3 масните киселини, е добар извор на растителни влакна, манган, фосфор и протеини. Употребувајте го секојдневно.

beans-copy

7.Гравот е идеално главно јадење, но можете да го употребувате и во салати и како гарнир. Омега 3 масните киселини кои се наоѓаат во гравот ќе придонесат за поздраво срце, намалување на холестеролот, намалување на мастите и шеќерот во крвта.

8.Руколата е лиснат зеленчук богат со омега 3 масни киселини. Направете вкусна салата или напиток и уживајте во здравствените придобивки.  

Pin It

Related Posts

Comments are closed.