Ѓумбирот е популарен-но маслото од ѓумбир е неверојатно

by • September 18, 2016 • MyLife, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Ѓумбирот е популарен-но маслото од ѓумбир е неверојатно2081

Ѓумбирот е популарен, но маслото од ѓумбир е неверојатно во спречување на болести на дигестивниот систем, маслото е јак антисептик, аналгетик и антиинфламатор. Истовремено е одличен стимулатор и афродизијак. Со помош на ова масло, можете да се ослободите од проблеми со стомакот, гадење, да се заштитите од срцев удар, проблеми со варењето на храната, воспалителни процеси во телото, респираторни проблеми и проблеми со менструалниот циклус.

Употребата на ѓумбирот е очигледна, но се употребува само како зачин или свеж корен. Во светот, ѓумбирот се употребува при приготвување на тешки и масни јадења, така го олеснуваат варењето на храната. Специфичниот лут вкус на ѓумбирот, доаѓа од соединението наречено гингерол, а повеќето здравствени придобивки му се препишуваат на ова соединение.

ginger_powder

Зошто треба да се употребува масло од ѓумбир?

1.Кога имате проблем со болка во стомакот, вознемирен стомак, грчеви, дијареа, надуеност, проблеми со варење, проблеми со дебелото црево, тогаш додадете неколку капки од ова масло во омилениот напиток и на природен начин ослободете се од проблемите. Исто така, полезно е да направите чај од ѓумбир.

2.Ако добиете труење од храна, ако имате цревна инфекција или бактерии, тогаш маслото од ѓумбир нека ви биде при рака. Ѓумбирот е одличен антисептик.

3.Ако имате нагони на повраќање, повраќате или чувствувате гадење, тогаш маслото од ѓумбир ќе ви помогне. Исто така, жените во периодот на бременоста, често ги имаат овие проблеми, така што ѓумбирот може да ги ублажи.  

4.Маслото од ѓумбир во минатото често се употребувал при треска, маларија и зголемена температура.

photodune-2191189-ginger-root-m

5.Респираторните проблеми, исто така можат да се лекуваат со помош на маслото од ѓумбир. Ако сте настинати, ако кашлате, ако имате грип или бронхит, ако сте астматичар и губите воздух, тогаш маслото од ѓумбир може многу да ви помогне.

6.Имате воспаление или чувствувате болка, не заборавајте дека ѓумбирот е одличен при овие состојби. Народната медицина укажува на фактот дека со помош на ѓумбирот може да се лекува и воспаление на тестисите. Неговото аналгетско дејство ќе ви помогне да се ослободите од болки во мускулите, ревматски заболувања, артритис, мигрена и главоболка. Маслото од ѓумбир можете да го употребувате и како масло за масажа, на тој начин ќе ја отстраните болката.

7.Има голем број на жени кои имаат проблеми со менструалниот циклус, ако го имате овој проблем, тогаш ѓумбирот ќе ви помогне да заборавите на проблемите.

8.Зајакнете го здравјето на срцето, голем број на луѓе во светот маслото од ѓумбир го употребуваат за заштита на срцето. Ѓумбирот спречува појава на холестерол, стеснување на крвните садови, згрутчување на крвта, а со тоа се спречува појава на срцеви заболувања и удари.

450070267_xs 

9.Маслото од ѓумбир го спречува стресот, ги олеснува симптомите кои настануваат при депресија, го ублажува заморот и чувството на немир, помага при аксиозност и вртоглавица.

10.Импотенцијата и прераната ејакулација се честа појава кај мажите, така што употребата на маслото од ѓумбир е добредојдено во овие случаи. Не заборавајте дека ѓумбирот во минатото се употребувал како афродизијак.

Дозирање

Маслото од ѓумбир е концентрирано и има силен ефект. Луѓето го употребуваат и за нега на косата и отстранување на првутот, го употребуваат и за отстранување на камења во бубрекот и при превенција од карцином. Маслото од ѓумбир поради својата јачина, можете да го мешате со други есенцијални масла, на пример со масло од лимон, темјан, портокал, рузмарин, еукалиптус, здравец итн. За дозирањето и употребате на маслото од ѓумбир секогаш консултирајте се со стручно лице, бидејќи е концентрирано. Но, кога станува збор за ѓумбир во прав или свеж ѓумбир, тогаш можете да го додавате во своите рецепти или да подготвувате лековити мешавини.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.