Масло од анасон

by • September 23, 2016 • MyLife, Деца, ЗдравјеComments Off on Масло од анасон1301

Масло од анасон употребувале луѓето во древните цивилизации. Денес, голем број на лекови се прават од анасон, но треба да се употребува природно масло од анасон, бидејќи само на тој начин ќе ги почувствувате вистинските придобивки од природата.

Зошто се употребува маслото од анасон?

Анасонот ги олеснува симптомите предизвикани од епилепсија, но ги ублажува и хистеричните напади. Ги ублажува симптомите предизвикани од артритис. Маслото од анасон се употребува за чистење на рани, бидејќи спречува настанување на инфекции, но придонесува и во процесот на заздравување. Спречува појава на респираторни проблеми. Анасонот го зголемува либидото. Помага во одржување на оралното здравје, поради тоа се додава во пастите за заби. Но, се додава и во сапуни, лосиони и креми, бидејќи го поттикнува здравјето на кожата. Маслото од анасон го употребуваат како арома за подготовка на салати, супи, тестенини, слатки. Маслото од анасон е одлично во борбата со бактериите, но во исто време е одличен антиоксидант. Ова масло е корисно доколку имате стафилокока ауреус, стрептокока пиогенес, ешерихија коли, кандида албикан итн.

_32

Но, маслото од анасон е одлично во борбата со дијареата, болки во мускулите, грчеви, надуеност, настинка, грип, болка во градите, гасови, проблем со циркулацијата. Анасонот помага при појава на модрици, лекувањето со ова масло е неверојатно. Ако имате проблеми со дишењето или имате астма, тогаш треба да знаете дека маслото од анасон го олеснува дишењето. Маслото од анасон не го оштетува црниот дроб.

Како да се употребува маслото од анасон?

Кога станува збор за употребата на ова масло, треба да се напомене дека ова масло е многу концентрирано, поради тоа, треба да се разредува. Маслото од анасон најдобро е да се меша со масло од јојоба, масло од бадем, масло од пченица итн. Ако имате проблеми со дишните патишта тогаш направете мешавина од масла, но можете мешавината да ја употребувате и за масажа. На пример, ако имате болки во стомакот (може да се менструални болки или грчеви), измешајте една лажица бадемово масло и пет капки масло од анасон. Потоа мешавината со кружни движења нанесете ја на стомакот. Ако имате проблеми со дишењето, тогаш во дифузер за етерични масла ставете две или три капки од маслото од анасон. Но, исто така можете да правите инхалација на пареа (две до три капки). Ако сакате убав здив, тогаш во една шолја со топла вода додадете една капка масло од анасон. Правете гаргара и ослободете се од лошиот здив. Ако чувствувате гадење, ако имате вртоглавица или мигрена, тогаш на мокра крпа ставете една (до две) капки од маслото од анасон и вдишете. Ако имате проблем со варењето на храната, тогаш семе од анасон додавајте во рецептите. На тој начин ќе го забрзате варењето на храната, но ќе ви помогне и при тешкотии кои ги создаваат тешките и мрсни јадења.

anise

На природен начин ослободете се од стресот, лутината и депресијата, бидејќи маслото од анасон има стимулативно дејство врз нервниот систем. Со употребата на маслото од анасон ќе се чувствувате релаксирано, но тоа важи само за мали дози од ова масло, бидејќи големите дози предизвикуваат проблеми. Подобрете ја циркулацијата, одржете ја хормоналната рамнотежа, одржете го мозокот активен.

Ако се употребува во умерени количини, тогаш маслото е корисно за сите. Можат да го употребуваат и бремените жени и оние кои дојат, на тој начин ќе се овозможи производство на млеко, ќе се намали болката и ќе придонесе за нормален менструален циклус. Кај мажите пак, маслото ќе придонесе за зголемување на либидото. Но, пред употреба на маслото од анасон, треба да се консултирате со стручно лице, бидејќи ако имате проблеми со кожата или алергии, не се препорачува употреба на маслото од анасон.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.