Лек над лековите-масло од чајно дрво

by • September 25, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, УбавинаComments Off on Лек над лековите-масло од чајно дрво2379

Лек над лековите-масло од чајно дрво. Морнарите дрвото од југоисточниот дел на Австралија го нарекле чајно дрво. Oва дрво има мирис на морско оревче. Од листовите на ова дрво се подготвувало топол напиток, но маслото од чајно дрво има голем број на здравствени придобивки. Ова масло се употребува во борбата со вирусите, инфекциите и бактериите.

Маслото од чајно дрво се добива од гранчињата и листовите од чајното дрво (со нивна дестилација). Ова масло е лек над сите лекови (уште од древните времиња), поради тоа, секое семејство во Австралија го употребува ова мало. Маслото се препорачува и за деца.

shutterstock_185650574

Здравствени придобивки

Антибактериско дејство

Кога мајката природа создава болест, таа создава и лек. Ако имате проблем со габични инфекции, бактерии или вируси, рани кои не сакаат да зараснат поради инфекција, тогаш ова масло треба да ви помогне. Но, ако имате проблем со лузни, тогаш ова масло ќе и помогне на кожата, односно ќе ја избледи лузната. Ова масло многу ретко се употребува орално, но ако го препише стручно лице, тогаш се употребува во многу мали количини. Стручно лице може да го даде како лек за борба со внатрешни бактериски инфекции во желудникот, дебелото црево, цревата, уринарниот систем итн. Со помош на ова масло може да се третира туберкулозата, но истовремено го подобрува целокупното здравје и придонесува за апсорбција на хранливите материи од храната.

Антимикробно дејство

Ова масло во себе содржи антимикробни супстанции, кои можат да ги убијат микроорганизмите кои предизвикуваат тешки заболувања. Во Австралија го употребуваат маслото од чајно дрво за да го решат проблемот со тропската треска и маларијата.

Антивирусно дејство

Вирусните инфекции се многу опасни за организмот, бидејќи тие можат да преживеат во многу тешки услови. Тие се отпорни на студ, топлина и на лекови кои треба да ги уништат. Сметате дека ги лекувате соодветно, а не сте свесни дека тие можеби се множат во вашиот организам или мируваат за подоцна повторно да се појават. Маслото од чајно дрво е одлично во борбата со овие отпорни вируси, дури е полезен при настинка, грип, бронхит, заушки и сипаници. Едноставно, ова масло можете да го нанесете на градите (масажа) или да го ставите во просторијата каде што  спиете (како етерично масло, ставете една до две капки во садот каде што го ставате етеричното масло). Кога ќе се разбудите ќе се чувствувате многу подобро.

tea-tree-oil

Проблеми со косата

Не заборавајте дека маслото од чајно дрво има стимулативно дејство. Ако имате проблеми со првут или губење на косата (опаѓање), тогаш разредете го маслото и ставете го на скалпот. Така ќе ја зголемите циркулацијата и ќе го поттикнете растот на косата. Кажете му збогум на првутот и непријатноста.

Одличен инсектицид

Ова масло уништува бактерии и вируси, но исто така може да уништи и инсекти. Отстранете ги од вашиот дом комарците, болвите, мувите, вошките, црвите, бубачките итн. Ставете од маслото во аголот на собата (но, подалеку од дофат на децата) и заборавете на здодевните инсекти.

Дејствува како антисептик

Ова масло можете да го нанесете на рани, чиреви, лузни, осип, убод од инсект итн. Дејствува како антибиотик, но нема несакани ефекти.

Стимулирачко дејство

Маслото од чајно дрво ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го стимулира имунолошкиот систем. Но, ова масло ќе го поттикне исфрлањето на токсините од телото, односно ќе ги отвори порите и ќе му овозможи на телото да ги исфрли токсините преку кожата. Маслото ги стимулира ткивата и клетките, но ја ублажува и болката во мускулите.

483074644_xs

Како се употребува маслото?

Маслото треба да се употребува локално (освен ако не е препишано поинаку од стручно лице). Но, треба секогаш да биде измешано со друго етерично масло (масло од лимон, масло од морско оревче, масло од лаванда, масло од каранфилче, масло од рузмарин, масло од мајчина душица итн.), бидејќи е премногу јако.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.