Месец на вкусното овошје

by • September 29, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, Исхрана, Убавина, ФитнесComments Off on Месец на вкусното овошје684

Октомври е месец на вкусното овошје. Кога станува збор за јаболкото и здравјето, тогаш мора да се напомене дека антиоксидантите кои се наоѓаат во јаболкото ги спречуваат слободните радикали и оштетувањата кои придонесуваат за оштетување на ќелиите. Но, јаболките можат да помогнат во превенција и обновување на ќелиите. Јаболките се полни со пектин (растителни влакна), а тие придонесуваат за здравствените придобивки од нивната употреба.

Ако сакате да имате побели и поздрави заби, тогаш мора да се напомене дека јаболките го стимулираат лачењето на плунка во усната шуплина, а тоа доведува до намалување на ризикот од кариес и намалување на бактериите во усната шуплина.

Ако сакате да го намалите ризикот од појава на Алцхајмерова болест, тогаш придобивката од конзумирање на само една чаша сок од јаболка ќе придонесе за тоа. Оваа чаша, може да ве држи настрана од Алцхајмеровата болест и несаканите ефекти кои придонесуваат за стареење на мозокот.

hd-green-apple-fruits-stock-wallpaper-dowload

Луѓето кои секојдневно внесуваат храна богата со растителни влакна, имаат помали шанси да добијат Паркинсова болест. Така што внесувајте јаболка секојдневно, бидејќи се богати со растителни влакна.

Јаболките се богати со флавоноиди, а тоа богатство може да помогне во превенцијата и борбата со ракот на панкреасот. Лушпата од јаболкото содржи тритерпеноид кој има раздорно дејство над клетките на ракот. Исто така, јаболката ја намалуваат големината на ракот на дојката. Секојдневниот внес на растителни влакна го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево.

Жените кои јадат едно јаболко на ден имаат помали шанси да добијат дијабетес тип 2 од оние кои не јадат јаболка.

Поради брзата растворливост на растителните влакна и лесното врзување со маснотиите во организмот, доаѓа до лесно исфрлање на маснотиите од телото. На овој начин ќе се заштитите од несаканите маснотии кои можат да предизвикаат голем број на заболувања.

Холестеролот ги уништува вените, но лушпата од јаболкото содржи фенолин кој ги заштитува ѕидовите на вените, а тоа е голема придобивка за срцето.

Докторите препорачуваат исхрана богата со растителни влакна, бидејќи така се намалува холестеролот и телесната тежина, а со тоа и појавата на камен во жолчката.

apples_mutsu

Проблемот со честото одење или неодење во тоалет можете да го решите со внесување јаболка во исхраната секојдневно. Јаболката ја регулираат столицата. Исфрлете ги токсините од телото, така ќе знаете дека нема да ви наштетат.

Симптомите како надуеност, дијареја, запек, болки во стомакот, можат да се ублажат со внесот на јаболка. Треба да се внесува храна богата со растителни влакна, а да се избегнуваат млечните производи и масната храна.

Хемороидите можат да бидат многу болни. Се појавуваат при притисок во карлицата и ректалниот дел. Но, ако се внесува храна богата со влакна, ќе се нормализира столицата, нема да биде тврда, а тоа доведува до ублажување на симптомите.

Прекумерната тежина може да доведе до мозочен удар, срцеви болести, ноќна апнеја, дијабетес тип 2, висок крвен притисок. За да се намали ризикот од болести, стручните лица препорачуваат диета со растителни влакна.

Секојдневно во организмот се внесуваат токсини, но црниот дроб е задолжен за прочистување на организмот од отровите. Детоксификацијата која луѓето во денешно време ја практикуваат (строги диети), може да придонесе да се појават несакани ефекти, но кога станува збор за детоксификација на организмот преку внес на јаболкото во исхраната, тогаш нема сомнежи.

apple-drop-water-macro-wallpaper-free-download

Црвените јаболка содржат кверцетин, а тој е одличен антиоксидант. Кверцетинот може да го зголеми и подобри имунолошкиот систем, особено кога организмот е под стрес.

Луѓето кои внесуваат храна богата со антиоксиданти, како што е јаболкото, го намалуваат ризикот од појава на катаракта. Јадете јаболки секојдневно, но внимавајте како се одгледани.    

Pin It

Related Posts

Comments are closed.