nettleseeds

Семе од коприва

by • September 30, 2016 • MyLife, Деца, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Семе од коприва1977

Семе од коприва може да се употребува како замена за афион во подготовка на леб, крекери, салати, супи, сендвичи итн. Семето од коприва (во исто време лисјата и коренот од копривата) е најважно при лекување на надбубрежната жлезда. Стресот треба да се избегнува кога треба да се лекува надбубрежната жлезда. Но,  стрес можат да предизвикаат и јадењата кои ги внесувате. Семето од коприва ќе биде од корист, бидејќи ќе го спречи стресот на нервниот систем.

download

Оние кои ја губат силата, кои чувствуваат замор и кои немаат енергија во текот на денот, исто така, треба да внесуваат семе од коприва. Со употребата на коприва, ќе му ја дадете потребната сила на организмот. Копривата го регулира шеќерот во крвта, ги смирува алергиите, го зајакнува имунолошкиот систем, ги лекува бубрезите и мочниот меур, ја прочистува крвта, ја подобрува циркулацијата, ги подобрува симптомите од емоционалните нарушувања и помага при анемија. Но, копривата се употребува за нега на кожата и косата. Кога луѓето имаат проблем со губење на косата, тогаш едно од решенијата е да ја мијат косата со чај од коприва, така ќе престане опаѓањето на косата и во исто време ќе се зајакне.

Семето од коприва можете да го мешате со мед, цимет, бозел и шипка. Но, исто така, семето од коприва можете да го измешате со органско какао во прав, кокосово масло, путер од лешник.  Уште еден трдиционален рецепт е мешавината од семе од коприва, алги, сусам, коријандер, ким и малку морска сол. На тој начин ќе добиете неверојатни мелеми за целото тело. Овие мешавини можете да ги додавата во најразлични рецепти, а мелемот со мед, можете да го внесувате секојдневно (по една лажица наутро). Кога станува збор за дозирањето на семе од коприва, тогаш треба да се напомене дека секој организам е различен. Една лажица семе од коприва на ден можеби некому нема да му влијае, па поради тоа му се потребни две лажици семе од коприва на ден. Дозата е индивидуална и најдобро советувајте се со стручно лице. Многумина со употребата на семето од коприва го вратиле своето либидо и воспоставиле хормонална рамнотежа.

ut884naxmjxxxagofbxc

Кога станува збор за листовите на копривата, тогаш значаен факт е тоа што листовите од коприва се одлични во обновувањето на оштетеното ткиво. Тие се одлични за бубрезите, белите дробови, цревата и артериите. Копривата е незаменлива инфузија за телото. Можат да ја употребуваат жените во текот на бременоста и доилките. Ова зелено богатство е одлична храна за сите, бидејќи е богатство од витамини, минерали и аминокиселини. Листовите од коприва помагаат при варење на храната, при болки во стомакот, болка во зглобовите, ја намалуваат дијареата, спречуваат појава на затвор (запек), спречуваат појава на хемороиди, помагаат при појава на чир на цревата, ја негуваат слузницата и спречуваат појава на цревни инфекции. Подгответе чај од коприва и секој ден внесувајте по две шолји во период од шест седмици, а потоа внесувајте три до четири шолји чај од коприва во текот на една седмица.

Копривата помага при обилни менструални циклуси, го запира крварењето, при уринирање на крв или крвава столица, крварење при породување, крвава кашлица итн. Но, при вакви здравствени проблеми, пред се’, морате да побарате совет од стручно лице. Во минатото, листовите од коприва ги мелеле и ги ставале на рани. Бабиците (кои ги породувале жените) во последното тромесечје од бременоста, на бремените жени им советувале да внесуваат чај од коприва за да внесат доволно количество на железо и витамин К. Во минатото, но и денес, копривата има широка примена во секојдневниот живот. Таа дарува здравје на природен начин. Уживајте во придобивките!

Pin It

Related Posts

Comments are closed.