falafel-10-640x480

Фалафел рецепт

by • November 8, 2016 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, Рецепти, Уметност на живеењеComments Off on Фалафел рецепт1587

Фалафел е топчиња од наут со зачини. Фалафелот е традиционално јадење во Египет и Блискиот Исток, најчесто се служи со многу свежи салати, туршија или таан сосови.

Фалафелот може да биде ужина но и главно јадење и е посебно популарен кај веганите и вегетаријанците.

Во следниот прилог ви нудиме фалафел рецепт кој можете да го подготвите во домашни услови и да уживате во неговиот егзотичен вкус.

Состојки

450 гр (околу 2 чаши) сув наут – мора да користите сув, не од конзерва.

1 мала главица кромид, грубо исецкана

1/4 чаша сецкан свеж магдонос

3-5 чешниња лук (може и потпечени)

1-1/2 лажици брашно

1-3/4 лажиче сол

2 лажички ким

1 лажиче коријандер

1/4 лажичка црн пипер

1/4 лажиче чили пиперка

Малку кардамон

Растително масло за пржење

Подготовка

Истурете го наутот во голем сад и ставете ладна вода внатре да биде покриен и повеќе од тоа. Оставете го да кисне преку ноќ. Ќе се зголеми заради апсорбирањето на влагата и ќе имате околу 4-5 чаши наут.

falafel-2-640x480

Исцедете го и исплакнете го наутот и ставете го наутот во бледнерот заедно со сецканиот кромид, лукот, магдоносот, брашното, солта, кимот, кориајандерот, црниот бибер, чили пиперот и кардамонот.

falafel-3-640x480

Блендајте ги сите содржини заедно додека не добиете смеса која е налик на кускус или паста. Треба да биде блендирано но не премногу за да не го направите на налик на хумус.

falafel-4-640x480

Откако смесата ќе ја достигне саканата конзистентност, ставете ја во голем сад и со вилушка поминете кроз нејзе и доколку има некое парче од наут несмелено остранете го.

falafel-5-640x480

Покријте го садот со смесата со фолија и чувајте во фрижидер 1-2 часа.

Пополнете ја тавата во која ќе го пржите фалафелот во поголема длабочина масло за готвење. Пополека загревајте го маслото. Во меѓувреме формирајте фалафел смеса од топчиња со влажни раце и мерна лажичка. Обично две лажички е доза за еден фалафел. Можете да ги направите поголеми или помали топчиња по ваш вкус. На почеток топчињата фалафел ќе ви изгледаат не цврсти но кога ќе почнете да ги пржите ќе се стегнат.

falafel-6-640x480

Пред да ја испржите првата серија на фалафел, испобајте прво на едно топче и ставето го во центарот на тавата. Ако температурата на маслото е во ред ќе потреае 2-3 минути да стане кафена боја од едната страна, што значи 5-6 минути за целото топче да биде готово. Ако побрзо од тоа станува кафено тогаш маслото има појака температура и фалафелот нема да биде испечен внатре. Во тој случај оладете го маслото на вистинската температура и повторете повторно. Печете по 5-6 фалафели во група од двете страни.

falafel-7-640x480

Штом фалафелот е готов, извадете го со лажица со дупчиња за да маснотијата не се задржи.

falafel-8-640x480

Нека се цедат на хартиени крпи.

Се служат топли и одат убаво со хумус, таан сос или пак супер комбинација со соја бургери за целосен оброк.

falafel-9-640x480

Pin It

Related Posts

Comments are closed.