Лукума – зошто е корисна

by • November 15, 2016 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, Рецепти, Уметност на живеењеComments Off on Лукума – зошто е корисна1330

Лукума е супер овошје што се јадело од страна на Перуанците од 200 г.н.е., но модерната наука сега навлегува во истражувањето колку хранливи материи има ова овошје навистина и како може лековитиот потенцијал да му се искористи.

Европејците ја откриле лукумата во 1500-тите години, нарекуваќи го “овошно јајце” заради неговиот облик и внатрешна боја. Вкус има како комбинација на јаворов сируп и сладок компир на некои, или манго кој преминал во кајсија на други. Иако овошјето е тешко за достапност бидејќи расте од 1300 до 3000 метри надморска височина, правот од лукума е достапен често.

За перуанскиот народ, лукума е симбол на долговечност и плодност. Таа е полна со хранливи материи и може да се користи како здрава замена за шеќер.

lucuma_powder_fruit-2

Лукума – зошто е корисна, прочитајте во продолжение:

Лукумата е полна со бета-каротин.

Може да се претпостави со својата жолто-портокалова боја, дека лукумата е богата со бета-каротин, важен извор на витамин А, кој на нашите тела им треба за подобар вид, подобрување на мобилниот раст, па дури и помога со имуниот систем. Бета каротин е заштитник од видови на рак, вклучувајќи ги и рак на езофагус, црниот дроб, панкреасот, дебелото црево, ректумот, простатата, јајниците и матката поради потентноста како антиоксиданс.

Лукумата е природен засладувач.

Со лукума може да ја засладувате вашата храна без да ви се покачи шеќер во крвта, плус содржи корисни состојки кои во самиот шеќер не се состојат.

Лукумата е богата со железо.

Железото го подобрува транспортот на кислород во клетките и е од витално значение за бремени жени и доилки, заради хранливоста. Соодветно количество на железо ја подига и енергијата кај телото.

Лукумата е вегетаријански извор на ниацин (витамин Б3).

Додека кај повеќето месојади количеството на витамин Б3 го добиваат од пилешкото месо, вегетаријанците и веганите можат да уживаат во овој витамин преку лукумата. Оваа хранлива состојка помага при варењето на храната, мускулниот развој, регулирање на стресот и половите хормони.

lucuma-smoothie-get-great-skin-by-eating-more-lucuma-by-greenblender-600x399

Лукумата е извор на растителни влакна.

Ова супер овошје е полно со растителни влакна кои ќе ви помогнат да дигестивниот систем работи правилно, намалува појава на запек и подуеност.

Лукумата помага при заздравување на раните и е анти-воспалителна.

Пробајте направете си смути со цимет, ѓумбир и лукума за здрав и вкусен секојдневен третман.

Лукумата делува како анти-вирусна и анти-бактериска состојка.

Ова супер овошје може да спречи настинка или грип и други вирусни и бактериски болести.

Во прилог ви предлагаме едноставен пудинг со прав од лукума.

raspberry-lucuma-chia-pudding

Состојки:

300мл млеко од бадеми

8 урми, љупени

1 супена лажица прав од лукума

½ ванилин екстракт

4 ½ супена лажица чиа семе

Една полна рака бобинки

Подготовка:

Потопете ги урмите во млекото од бадеми еден час, потоа додадете го правот од лукума и ванилиниот екстракт. Ставете ја сместата во блендер да се соедини.

Додадете ја чиата и промешајте добро. Поделете ја смесата во чаши и оставете ја во фрижидер да отстои минимум 3 часа, но подобри резултати има доколу остане преку ноќ. Ставете ги бобинките над пудигот пред да послужите.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.