Рогач е вкусен и сладок додаток

by • December 1, 2016 • MyLife, Актуелно, Без глутен, Живот, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Рогач е вкусен и сладок додаток1606

Во следниот прилог прочитајте зошто рогач е вкусен и сладок додаток на вашите јадења, десерти и е супер замена за луѓето кои сакаат да го заменат какаото, како и замена за засладувач.

Што е рогач?

Дрвото рогач или Ceratonia Siliqua, има овошје што е налик на темно кафеав грашок, кој има пулпа и семиња. Рогач е слатка и здрава замена за чоколадо. Неговата корисност во здравствените придобивки се навраќа 4.000 години на античка Грција.

Според “Енциклопедија на храната која лечи” британските хемичари продавале рогач на пејачи. Џвакањето на рогач им помага на пејачите на одржување здрави гласни жици, да го смири и исчисти грлото.

Рогачот е достапен да се купи во: прав, сируп, екстракт и пилули.

Можете да го јадете рогачот и свеж или сушен исто така. Луѓето кои го додаваат рогачот во својата исхрана имале намалавање на пробреми со желудникот и губеле на тежина.

carob-pods-powder-5767

Од каде доаѓа рогачот?

Античките Грци биле први кои го растеле дрвото рогач, но сега тоа расте низ целиот свет, од Индија до Австралија.

Секое дрво рогач е еден пол, така што потребно е машко и женско дрво за да се произведе рогач плод. Едно машко дрво може да опраши до 20 женски дрвја. После шест или седум години, рогач дрвото е во состојба да произведе рогач семиња.

Кога еднаш женското дрво е оплодено може да произведе педесет килограми од темно кафени рогач семиња полни со ситни семки. Собирањето на семињата е на есен.

Како го користиме рогачот?

Можете да го користите во вашите омилени десерти, милкшејк, колачи или торти. Тоа е најчестата употреба на рогачот дека е сличен на чоколадото и е одлична алтернатива бидејќи:

Рогачот е полн со растителни влакна

Антиоксиданс е

Има мали колични на масти и шеќери

Без кофеин е и

Безглутенски

Бидејќи рогачот е природно сладок, може да ви биде замена за шеќер. Но ако не ги задоволува вашите потреби на благо тогаш обидете се со додаток на стевиа.

Ако сте нетолерантни на лактоза или веган, можете слободно да го користите рогачот. Има многу интересни рецепти кои го сочинуваат и ќе се изненадите од неговиот пријатен вкус.

dsc_0361

Дали рогачот е здрав?

Поради нивниот сличен вкус, рогачот и чоколадото се често споредувани. Сепак, рогачот е поздрав од чоколадото еве зошто:

Рогачот има два пати поголема количина на калциум од какаото

Нема сооединение кое предизвикува мигрена

Без кофеин и маснотии е

Какаото пак:

Содржи оксална киселина, која се меша со апсорпција на калциум

Може да предизвика мигрена кај некои луѓе

Богато е со масти и натриум

Рогачот исто така е полн извор на витамини и минерали како што се: Витамин А, Б2, Б3 и Б6

Минерали бакар, калциум, манган, калиум, магнезиум, цинк и селен.

Рогачот исто така е богат со растителни влакна, пектин и протеини.

Зошто да јадете рогач?

Додавање на рогач во вашата исхрана може да ви обезбеди многу здравствени придобивки. Рогачот е природно богат со растителни влакна и нема кофеин, тој е идеален за луѓе со висок крвен притисок. Низок процент на шеќери и масти го прави одличен додаток во прилог или замена за чоколадо за луѓе кои сакаат да губат телесната тежина. Високите нивоа на витамини, како што се витамините А и Б-2, се добри за вашата кожа и здравјето на очите.

Додавањето на рогач во вашата исхрана може да помогне за:

Намалување на холестерол

Намалување на ризикот од срцеви заболувања

Олеснување на проблеми со желудникот

Третира дијареа.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.