fcb59d20e48ab80b027c2c8b07090176c882cdcb

Направите хумус од почеток

by • December 12, 2016 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Направите хумус од почеток1733

Во следниот прилог прочитајте рецепт со кој можете да направите хумус од почеток.

Хумусот е еден од најдобрите намази смислени во областа на кулинарството. Самиот наут можеби ви изгледа досаден но ставете го во сад со комбинација на маслиново масло, таан, сок од лимoн и лук и веќе ќе биде многу поинтересно.

Хумусот е изум на Блискиот Исток. Наутот има сладок и необичен вкус кој кога ќе се помеша со неколку лажици на таан и маслиново масло добива кремаст и интересен вкус. Сокот од лимон и лукот додава рамнотежа и малку лут пигмент. Фантастично е што само овие неколку состојки даваат одличен вкусен намаз, плус додаток на сол и бибер. Но доколку сакате можете да додадете и сушена пиперка, ким или маслинки во хумусот за појак вкус.

Денешниот рецепт е направен со конзервиран наут, но вие можете да сварите наут сами. Потребни се две чаши варен наут.

Таан е состојка која секогаш морате да ја имате во вашата кујна. Направен од сусам, таанот може да се користи при солени јадења или пак слатки десерти.

Убавото кај хумусот е што можете да импровизирате со состојките и колкави количини сакате да ставите.

Состојки

1 конзерва наут или две чаши наут доколку го варите

3 лажици ладно цедено маслиново масло

3 лажици таан

1 лажица сок од лимон (или повеќе по вкус)

1 мало чешне лук грубо исечкано

1 лажица сол

½ лажица бибер мелен

Подготовка

За да го направите хумусот потребен ви е блендер или процесор за храна.

ac7cc807ac13ba10aa66e5554609fd3cdbcdbf11

Исплакнете и исцедете го наутот. Ако имате време и трпение можете да му ја извадите кожичката со што ќе го направи вашиот хумус многу помазен.

525487c67949dc36d8cc4b49a2cb64d27a26dc1a

Комбинирајте ги сите состојки, наут, маслиново масло, таан, сок од лимон, со и бибер во блендерот или процесорот за храна.

69db5fe9a7fb6df5ef623c5bc009c63419ab9888

Мешајте додека смесатаа не се сооеднини и изедначи. Повремено видете дали има останато некое парче не сооединето па со лажичка ставете го во смесата и тоа да се изедначи.

5bf32736c794c1d65b4797adf156cc345e973db8

Пробајте го хумусот пред да одлучите да додадете дополнителни состојки. Доколку вашиот хумус е премногу цврст слободно додате малку повеќе сок од лимон или пак маслиново масло.

Ставете го хумусот на чинија и послужете. Можете да го користите ако супер намаз за чипс или суров зеленчук. Ставете го во фрижидер, доколку е убаво затворен може да биде до недела дена во  фрижидер.

b345a0ec29bbcc919a1d52628c439461df33caf0

Pin It

Related Posts

Comments are closed.