Веган рецепт: сладок компир и црн грав со чили за двајца

by • December 15, 2016 • MyLife, Актуелно, Без глутен, Живот, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Веган рецепт: сладок компир и црн грав со чили за двајца908

Во прилог следува веган рецепт: сладок компир и црн грав со чили за двајца, кој може да биде одличен ручек или пак фил за загреани тортиљи со салата од портокал и авокадо.

Овој рецепт ќе ви треба да го подготвите околу 20 минути, додека ќе биде готов за 30 минути е веган но и безглутенски, богат со растителни влакна, малку калории содржи и лесно се комбинира со друг прилог.

Состојки:

2 лажици ладно цедено маслиново масло

1 мал кромид, ситно сечкан

1 мал сладок компир, излупен и исечкан

2 чешниња лук

1 лажица мелено чили во прав

2 лажички мелен ким

1/8 лажичка сол или по вкус

1 1/3 чаши вода

50 гр црн грав од конзерва

1 чаша сецкани конзервирани домати

2 лажички сок од лимон

2 лажички ситно сецкан свеж коријандер

Подготовка:

Загрејте масло во голема тава над средна-висока топлина. Додадете го сецканиот кромид и компир, мешајќи често, додека кромидот не се омекне, за околу 4 минути. Додате лук, чили во прав, ким, сол и гответе, постојано мешајќи додека не почне да мириса, околу 30 секунди. Додадете вода, нека зоврие, па затворетре ја тавата, намалете ја топлината и варете додека компирот не биде мекан, од 10 до 12 минути.  Потоа, додадете го гравот, доматите сечкани и сокот од лимон, зголемете ја топлината за готвење да почне да врие и мешајте често. Намалете ја топлината да се одржи варењето уште 4 минути. Извадете го јадењето и додадете го свежиот коријандерот.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.