Cup of shea butter with shea nuts

21 причина зошто да го користите шеа путерот

by • December 19, 2016 • MyLife, Актуелно, Биокосмос продавници, Живот, Здравје, Органска козметика, Убавина, Уметност на живеење, ФитнесComments Off on 21 причина зошто да го користите шеа путерот767

Во прилог прочитајте 21 причина зошто да го користите шеа путерот, што е шеа путер и кој шеа путер да го изберете за користење.

vitellaria_paradoxa_ms_6563

Што е шеа путер?

Шеа путерот е суперхрана на кожата која доаѓа од семето на овошје на (кarite) дрво шеј, а тоа е природно богато со витамини А, Е и Ф. Нуди УВ заштита и ја овозможува кожата со есенцијални масни киселини и хранливи материи потребни за производството на колаген. Шеа путерот се користи во Африка и други земји со години за подобрување на кожата и косата.

Придобивки од користење на шеа путер

Хидратација: Концентрацијата на природни витамини и масни киселини во шеа путерот го прави неверојатно за негување и навлажнување за кожата. Тоа често се користи за отстранување на сува кожа и за заштита со природни масла на кожата.

Намалува воспаление: Студија во 2010 година покажа дека, поради неговата цинаминска киселина и други природни својства, шеа путерот е анти-воспалително средство. Може да се користи и при појава на акни.

Нежност на кожата: шеа путерот помага во производството на природен колаген во кожата и содржи олеинска, стеаринска, палмитинска и линоленската киселина кои ја штитат и негуваат кожата за да се спречи сушењето. Со долгорочно користење, многу луѓе тврдат за омекнување на кожата и зајакнување, како и намалување на брчки.

istock_000023639754_large

Употреба на шеа путер:

Шеа путерот е еден од најпознатите природни препарати за природна убавина и се користи секој ден. Може да се користи без пауза и воопшто не е штетен за кожата.

21 употреба на шеа путер:

Сува кожа

Црвенило на кожата

За пилинг на кожата

Брчки

Чешање на кожата

Изгореници од сонце

Се користи како крем за бричење оставајќи ја потоа кожата мазна и нежна

Мали рани на кожата

Испукана кожа

Тврда и испукана кожа на стапалата

Ладно време

Црвенило од ладен ветар

При бременост, растегање на кожата

Убоди од инсекти

За здрава кожа

Мускулна оптеретеност и тензија

Пред и после напорни вежби

Алергија на кожата како од бршлен или даб

Екзема

Дерматитис

Оштетување на кожата од јака топлина

shea-butter-benefits

Каков вид на шеа путер е најдобар за користење?

Најдобар е суров, нерафиниран, органски шеа путер. Има многу рафинирани шеа путери кои нема да ги постигнат истите резултати клако и нерафинираниот.

Совет: нерафинираниот шеа путер има мали грутки и при повторно размачкување тие се топат (така ќе ја распознаете разликата) .

Шеа путерот е корисен за сите, и не мора да барате совет од доктор за негово користиње совен ако не сте алергични на јатки.

organski-si-puter-500x500

Pin It

Related Posts

Comments are closed.