5 здравствени предности доколку користите меласа

by • December 20, 2016 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, ИсхранаComments Off on 5 здравствени предности доколку користите меласа1756

Во следниот прилог запознајте се со тоа што е меласа, за што се користи и кои имате 5 здравствени предности доколку користите меласа.

Меласа е спореден производ на рефинирање на процесот на шеќерната трска. Од шеќерната трска се прави пире, а потоа се вари за да се создаде шеќерен сируп. Второто вриење создава меласа.

Откако овој сируп се вари по трет пат, темна слатка течност се појавува и се нарекува меласа. Таа има најниска содржина на шеќер од шеќерната трска како производ.

Заблудата е дека меласата поради толкавата обработка има нула хранливи вредности. Меласата содржи витални витамини и менерали, како што се железо, калциум, магнезиум, витамин Б6 и селен.

Меласата се смета како суперхрана. Иако таа не е чудотворен лек, сепак имаат многу хранливи вредности со многу здравстени придобивки.

sugar-cane-molasse

1. Дијабетски притателски засладувач

Ако имате шеќерна болест, имате ограничување кон слатките задоволства. Иако меласата е извадок од шеќер и има јагленихридрати повеќе од другите шеќери, се вари побавно и може да го стабилизира шеќерот во крвта.

Можете да ја користите меласата во печење на вашите најубави слатки. Таа ќе им додаде на вашите слатки многу специфичен и интересен вкус.

2. Подобрувач на коските

Секој знае дека е потребно калциум за силни коски, но не секој ја знае важноста дека магнезиумот игра многу битна улога.

Меласа содржи и калциум и магнезиум, така да ќе ве заштити од остеопороза. Околу 5 лажици меласа содржи 50 проценти од препорачаната дневна доза на калциум, 95 проценти од железо, а 38 проценти на магнезиум.

Соодветни содржини на магнезиум, исто така, се од суштинско значение во спречувањето на болести како остеопороза и астма, заедно со други кои можат да вблијаат на крвта и срцето.

molasses-cookies-650x450

3. Добро е за крвта

Луѓето со анемија – состојба при која вашето тело нема доволно црвени крвни клетки – често се чуствуваат уморни и слаби. Еден тип на анемија е предизвикана од недостаток на железо во исхраната.

Меласа е добар извор на железо. Околу 5 лажици меласа содржи 95 проценти од вашиот секојдневен додаток на железо.

Покрај тоа да биде додаток во вашите благи рецепти, можете да го дадете во топла или ладна вода и да се испие како додаток во исхраната.

4. Има многу калиум

Бананите може да бидат цареви кога станува збор за калиум, но меласата исто така е преполна со калиум. Пробајте користете ја меласата како прелив за печен грав, дури и на пилешко и мисирка. Една лажица од меласа, може да ви даде добар процент на калиум кој ви е потребен.

5. Помага при ошететена коса

Обезбедувајќи го вашето тело со важни минерали, меласата се користи и за остранување на штетени делови на косата, испукани врвови или избледена боја.

Лоша идеја е да го истурите сирупот на вашата коса директно, прво треба да го измешате со топла вода а потоа нанестете го на косата и оставете го на себе 15 мин.  Исплакнете и ќе ја воочите разликата. Можете да го комбинирате и со дневниот ваш шампон или кокосово масло.

how-to-make-hot-molasses

Pin It

Related Posts

Comments are closed.