Рецепт: Вегетаријанско тако со козјо сирење

by • January 16, 2017 • MyLife, Актуелно, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Рецепт: Вегетаријанско тако со козјо сирење1047

За сите вегетаријанци но и за тие кои што сакаат да имаат лесен и здрав ручек, брзо и едноставно за подготовка, и ќе ви одземе околу 20 минути. Во прилог ви нудиме рецепт: вегетаријанско тако со козјо сирење.

Тофуто е соино сирење замена за млечно сирење за веганите, е многу вкусно доколку го вклучиме во нашите секојдневни јадења.

Состав

1 лажица маслиново масло

1 пакетче (околу 250гр) сирово тофу сечкано

1 ½ лажица чили прав

хималајска сол и бибер по желба

2 чаши смрзната пченка

1 пакет млад спанаќ

8 мали тортиљи

¾ шоља распарчено свежо козјо сирење

¾ шоља домашна или купена салса

Подготовка

Загрејте го маслото во нелеплива тава над средно-висока топлина. Додадете го тофуто, чилито во прав, ½ лажица сол и ¼ лажица црн пипер. Гответе со повремено мешење додека не се добие светло кафена боја, околу 4-5 минути. Додадете ја пченката. Гответе со мешање околу 2 минути, и потоа додадете го спанаќот и уште сол и бибер по желба. По неколку промешувања треба да е готово. Наполнете ги тортиљите со тофу мешавината со додаденото козјо сирење и салсата. Уживајте во оброкот.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.