4a009fa7-f5ce-4a38-9ed8-9d511b2e0f60-630x330

Кељ – вклучете го во секојдневното готвење

by • March 14, 2017 • MyLife, Актуелно, Без глутен, Живот, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Кељ – вклучете го во секојдневното готвење2051

Денеска ќе му оддадеме почит на не толку популарниот зеленчук во нашата традиционална кујна, но искучително здрав и вкусен.

Кељ – вкучете го во вашето секојдневно готвење така што во следниот прилог ќе ви посочиме зошто да го направите тоа.

16-shutterstock_119624410

Кељот е одличен извор на витамини К, А и Ц, и има корисна содржина на магнезиум, бакар и фитохемикалии кои се верува дека можат да помогнат против одредени видови на рак. Бидејќи кељот содржи различни хранливи состојки може да изигра важна улога како дел на една здрава балансирана исхрана.

Кељот е одличен извор на фолати, кои се форма на фолна киселина кои ги има природно во исхраната.  Фолната киселина е витамин Б и е важен витамин бидејќи го поддржува растот на ткивата на мајката за време на бременоста, игра улога во нормалното формирање на крв и го поддржува имунолошкиот систем да функционира нормално.

Кељот е практично без масти и има ниски калории. Четири натрупани супени лажици од 80гр содржат само 19 kcal и имаат 2.2гр влакна.

Кељот е богат со лутеин – антиоксидант кој помага да ги задржи нашите очи здрави. Кељот содржи 76мг литеин по килограм, во споредба со брокулата која има 17мг. Експертите препорачуваат да се внесат 6-10мг на лутеин секој ден.

Порција од 80гр варен кељ содржи 448μg витамин А, кој игра споредна улога во одржување на нормална кожа и вид и помага на имунолошкиот систем да функционира нормално.

Kale-chips

Грам Кељ содржи 17 пати повеќе витамин Ц од морков. Порција 80гр варен кељ содржи 57мг на витамин Ц, кој е важен бидејќи игра улога во формирањето на колаген за крвните садови, коските, ‘рскавицата, непцата, кожата и забите, го поддржува имунолошкиот систем да работи нормално, ја зголемува апсорцијата на железо и игра голема улога во заштита на клетките од оксидативна штета.

Суров Кељ е одличен извор на витамин К, содржи 704.8μg во 100гр. Витамин К игра улога во нормално згрутчување на крвта и помага во одржувањето на нормални коски.

chicken-kale-soup-2-1

Ако ве убедивме доволно дека кељот е ислучително здрав, сигурно се прашувате на кои начини се може да биде присутен на вашата трпеза.

Секогаш е прекрасен избор за сезонска салата, сиров може да биде изрендан како што ја користиме зелката, може да биде во коцки исечен, секако ќе биде вкусен и разнолик дел од вашата секојдневна салата. Сиров исто така можете да го ставите во вашето омилено смути, на пример направете смути со кељ, спанаќ, портокал и банана, одлична комбинација за почеток на денот.

recipe_vertical

Кељот може да биде одлична закуска како форма на чипс. Едноставно само исечете го на коцки на поросена тава со маслиново масло или хартија за печење ставете го кељот и посипете со вашите омилени зачини, печете на 200 степени 15-20 минути и ќе го извадите крцкавиот чипс кој може да послужи наместо крекери за со некој сос.

Доколку сте љубители на варива тогаш едноставно направете вариво во која главната состојка ќе биде кељот, слично како зелка манџа само наместо зелка исечете на колку вие сакате дебели делови кељот и сварете го со сите останати сакани зеленчуци.

Ако питите или солените колачи ви се слаба точка, кељот повторно можете да го искористите наместо спанаќ или праз.

 64be0bc663a8e236847f7fc6bfd0ee00_header

Нутритивна вредност на сиров кељ во 100гр е: енергија 33kcal, протеини 3.4гр, масти 1.6гр, јагленихидрати 1.3гр, шеќер 1.2гр, сол 0.1гр, влакна 4.1гр, калциум 130мг, железо 1.7мг.

Нутритивна вредност на варен кељ во 100гр е: енергија 19kcal, протеини 1.9гр, масти 0.9гр, јагленихидрати 0.8гр, шеќер 0.7гр, сол 0.2гр, влакна 3гр, калциум 120мг, железо 1.6мг.

 

Pin It

Related Posts

Comments are closed.