1

Пржен тофу со сусам и брокула

by • March 16, 2017 • MyLifeComments Off on Пржен тофу со сусам и брокула897

Денеска ќе ви предложиме супер посен/вегански рецепт за ручек; пржен тофу со сусам и брокула. За јадењето ќе ви биде потребно 1 час отприлика време со се подготовка и готвење. Тофуто е одлична заемена за млечно сирење, богато е со нутритивни вредности и може да биде одлична комбинација за секојдневни јадења.

Состојки:

400гр сирово тофу

Малку хималајска розева сол

2 лажици пченкарен скроб

2 лажици неутрално масло (зеленчуково, канола, кикирики)

1 китка брокула сецкана

3-4 сецкан млад кромид

4 шољи варен ориз

За сос:

¼ шоља соја сос

2 лажици вода

1 лажица сусамово масло

2 лажици кафеав шеќер

2 лажици оцет од ориз

1 лажица рендан свеж ѓумбир

2 чешниња лук, мелени

2 лажици сусам

1 лажица пченкарен скроб

Подготовка:

Press-Tofu-1

Ставете неколку цврсти хартиени салфети над чинија и извадете го тофуто од пакувањето. Ставете го над цврстите хартиени салфети, покривајќи го со плус неколку цврсти хартиени салфети. Притиснете го со нешто тешко тофуто и оставете го да отстои најмалку 30 минути. Целта е да се извлече вишокот на вода која е во него.

Sesame-Sauce

Додека тофуто се исцедува, подгответе го сосот така што вкусовите ќе имаат време да се сооединат. Во мал сад комбинирајте ги сосот од соја, водата, малсото од сусамот, кафеавиот шеќер, оцетот, ренданиот ѓумбир, мелениот лук, сусамот и пченкарниот скроб. Мешајте се додека кафеавиот шеќер и пченкарниот скроб не се стопат. Кога ќе се случи тоа ставете го настрана сосот.

Cubed-Tofu

Исечето го веќе исцеденто тофу во мали коцки и зачинете го со малку сол. Посипете 1 лажица пченкарен скроб низ сите коцки, а потоа вртете ги истите и посипете со втората лажица пченкарен скроб за да рамномерно се нанесе скробот.

Golden-Brown-Pan-Fried-Tofu

Загрејте голема тава на средна топлина. Откако ќе биде врела тавата додадете 2 лажици масло рамномерно по целата тава. Ставете ги подготвените тофу коцки и печете додека не добијат светло кафена боја, мешајќи ги со дрвена шпатула за да рамномерно не се зготват. Ставете ги на страна зготвените крцкави тофу коцки и исчистете ја тавата.

Seared-Broccoli

Додадете ја сечканата брокула во топлата тава и промешувајте. Гответе на средно ниска температура додека брокулата малку од страните не затемни.

Add-Back-Tofu

Промешајте го сосот и ставете го со брокулата. Мешајте и гответе додека сосот не почне да врие и се згуснува (ова може да се случи многу брзо). Откако ќе се згусне изклучете го огинот и додадете ги зготвените коцки тофу.

Pan-Fried-Sesame-Tofu-with-Broccoli-front

Послужете го тофуто со брокулата над веќе однапред зготвен ориз, и ставете одозгора сецкан млад кромид врз смесата.

Pan-Fried-Sesame-Tofu-with-Broccoli-Close

Pin It

Related Posts

Comments are closed.