11 бенефити на бадемово млеко кои можеби не сте ги знаеле

by • March 17, 2017 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, Рецепти, УбавинаComments Off on 11 бенефити на бадемово млеко кои можеби не сте ги знаеле1817

Во прилог прочитајте 11 бенефити на бадемовото млеко кои можеби не сте ги знаеле, а можат да ви послужат за да баш бадемовото млеко биде достојна замена за кравјото млеко во овие денови на пости.

1. Ќе ви помогне околу одржување на телесна тежина

Една чаша на бадемово млеко содржи 60 калории наспроти 146 калории во обично кравјо млеко. Одлична ниско калорична замена е за да ослабете или ја одржите сегашната телесна тежина.

2. Го одржува вашето срце здраво

Нема холестерол или сатурирани масти во бадемово млеко. Исто така има ниска содржина на натриум и голема на здрави масти (како омега киселини, кои се наоѓаат типично во рибата), кои помагаат при висок крвен притисок и болести на срцето.

Almondmilk-1020x765

3. Ги зајакнува вашите коски

Иако не нуди доволно калциум како кравјото млеко, бадемовото млеко нуди 30 проценти од препорачаната дневна доза, и 25 проценти од препорачената дневна доза од витамин Д, намалувајќи ги шансите за заболување од артритис и остеопороза како и подобрувајќи ја имунолошката здравствена функција. Плус, тие две хранливи состојки работат добро заедно одржувајќи ги вашите коски и заби здрави.

4. Ја одржува вашата кожа да биде блескава

Бадемовото млеко состои 50 проценти од дневната препорачана доза на витамин Е, кој содржи антиосидански својства есенцијални за здравјето на вашата кожа, штитејќи ве од оштетување од сонце.

5. Скоро и не влијае на шеќерот во крвта

Бадемовото млеко (без адитиви) има низок процент на јагленихидрати, што значи нема значително да го накачи шеќерот во крвта, намалувајќи ја шансата од појава на дијабетис. Поради нискиот гликемински индекс, вашето тело ќе ги користи шеќерите како енергија не како шеќер кој ќе го складира во масти.

MilkLife_Social_Webstite_02

6. Придонесува во мускулна јачина

Иако бадемовото млеко содржи само 1 гр на протеини по шоља, содржи голем број на витамини Б, како и железо и рибофлавин, кои се битни за зајакнување и растење на мускулите.

7. Помага при варење на храната

Бадемовото млеко содржи 1гр на влакна во шоља што е многу важено за здраво варење на храната.

8. Не содржи лактоза

Се повеќе луѓе се нетолерантни на лактоза, тоа значи дека имаат проблеми при варење на шеќерот во крвјото млеко. Ова го прави бадемовото млеко корисена замена која е без лактоза.

almond-milk

9. Повкусен е од кравјото млеко

Бадемовото млеко нема воопшто сличен вкус со кравјото млеко, така да за тие кои имаат проблеми со вкусот на кравјото млеко ова е одличен избор. Има уникатен лесен вкус, кој можете да го примените слободно во вашите торти, благи, смути и останати јадења.

10. Не е потребно да се чува во фрижидер

Знаејќи дека не треба да го чувате во фрижидер бадемовото млеко значи дека ќе можете полесно да го носите на работа или на некое патување со себе. Совршено функционира на собна температура и тоа го прави многу полесно за користење.

11. Лесно се приготвува

100гр сирови бадеми ги оставите 8-12 часа да се киснат во вода. Потоа ги лупите (можете и да не) и ги ставате во блендер заедно со 1л вода за да се сомелат и соединат со водата, оставете 10 минути да слегне. Потоа ќе ја процедите водата со цеделка за да мелениот бадем го издвоите, или пак по желба можете да го оставите. Можете да засладите со мед или јаворов сируп и да додате малку ванила екстракт за дополнителен заситен вкус.

Homemade-Almond-Milk

Pin It

Related Posts

Comments are closed.