rosemary-oil.jpg.838x0_q80

Рузмарин

by • March 21, 2017 • MyLife, Актуелно, Биокосмос продавници, Живот, Здравје, Исхрана, УбавинаComments Off on Рузмарин838

Едни од најпознатите, интересни и уникатни здравствени приодобивки од користење на рузмарин вклучуваат способност за зајакнување на меморијата, подобрување на расположението, намалување на воспалениjа, ублажување на болка, заштита на имунолошкиот систем, детоксикација на телото, штитник од бактериски инфекции, спречува предвремено стареење и ги подобрува условите на кожата.

По потекло од медитеранскиот регион, рузмаринот е еден од најчестите зачини, билки кои се употребуват во нашата исхрана. Има и добра причина за тоа, не само заради прекрасниот вкус и мирис туку исто од богаството на корисни здравствени ефекти доколку редевно го употребуваме. Научно име на оваа билка е Rosmarinus officinalis, но во светот е позната под само рузмарин. Слична како и други корисни билки, рузмаринот е од исто семејство како што е и нането, но го немаат карактеристичниот ист вкус. Рузмаринот има потопол, горчлив и повеќе адстрингентен вкус кој дава прекрасен ефект при подготовка на супи, сосови, чорби, печено месо и полнети јадења. Рузмаринот особено преовладува во Италијанската традиционална кујна.

Иако дозата е мала на користење рузмарин како зачин, е доволно голема за да почувствуваме влијание врз нашето тело. Постои начин на внесување на поголеми количини на рузмарин, и тоа преку примена етеричните масла од рузмарин директно врз кожата.

ruzmarin1

Во прилог прочитајте наведени неколку придобивки од користење на рузмарин во вашата секојдневна исхрана.

Засилувач на меморијата

Еден од нараните пријавени и документирани здравствени бенифити на користење на рузмарин е дека е когнитивен стимуланс. Ја подобрува меморијата и помага при фокус и зголемување на интелегенција. Ова особено помага при користење на билката на постари лица, дури на тие кои страдаат од посериозни когнитивни нарушувања како што е демеција или Алцхајмеровата болест.

Помага при расположението и стресот

Мирисот на рузмаринот секогаш асоцира на подобрување на расположението, ослободување на умот, го ослободува стресот кај тие со хронична анксиозност и хормонска нерамнотежа. Во ароматерапија редовно се користи етеричното масло на рузмарин кое помага при позитивни ефекти на стресот и расположението.

Помага на имунолошкиот систем

Активните компоненти на рузмаринот се антиоксиданс, анти-воспалителни и анти-канцерогени по природа. Тоа претставува дирекна заштита од различни патогени болести кои можат да го загрозат вашиот имунолошкиот систем.

Антибактериски потенцијал

Генерално рузмаринот помага при зајакнување на имунолошкиот систем, но специјално моќна билката се покажала при бактериски инфекции, особено тие во желудникот. Стомачни грчеви, чиреви па дури и бактерии како H.pylori, рузмаринот може да делува да ги намали па дури да ги спречи. Рузмаринот исто ќе ви помогне при вознемирен стомак, како на пример запек, надуеност или дијареа. Додавајќи го во вашата секојдневна исхрана, веќе неделно може да почне да делува при регулација на движењата во дебелото црево и во вашиот гастроинтестиналниот систем.

rosemary-leaves-oil-uses

Освежувач на здивот

Како  природен антибиотик, рузмаринот фунцкионира како прекрасен освежувач на здивот, кој помага и го подбрува вашето орално здравје. Неколку рузмарин листови во чаша со топла вода и можете да направите гаргара со што ќе го освежи вашиот здив.

Го стимулира протокот на крвта

Рузмаринот делува како стумуланс за телото и го зголемува производството на црвените крни зрнца и протокот на крвта. Ова помага на виталните системи и органи да имаат непречени метаболички активности.

Намалува болка

Како супстанца во аналгетиците, рузмаринот типично се користи против болка во вид на паста или маст веќе стотици години. Кога се конзумира орално делува на внатрешната болка на заболеното место. Всушност, еден од најпопуларните начини на употреба на рузмарин е за третман на мигрена. Мирисот на рузмарин помага при намалување на сериозноста на симптомите кај мигрената.

rosemary_dried

Анти-воспалителни квалитети

Можеби најважната функција на рузмаринот е како анти-воспалителен агент во телото. Карнозол и карнозинска киселина се два моќни антиоксиданси и анти-воспалителни состојки кои се наоѓаат во рузмаринот и се поврзани со намалување на воспалениот на мускулите, крвните садови и зглобовите. Рузмаринот има ефикасен третман за многу нешта, вкучувајќи крвен притисок, артритис, повреди од физички напор или болки од операција.

Детоксикација на телото

Рузмаринот е малку диуреик по природа, што значи може да помогне при поефикасно ослободување на токсините во текот на мокрењето. Исто така помага при зголемување на стапката на количество на водата која го напушта телото.

Помага на кожата

Рузмаринот има анти-стареење дејство. Иако повеќе се мисли на есенцијалните масла, но листовите на рузмаринот исто така може да влијаат на кожата подобрувајќи го младиот квалитет на кожата, лекува при флеки и го зголемува природниот хидриран сјан на кожата.

Rosemary herb flowering in spring

Pin It

Related Posts

Comments are closed.