cacao-pic

Какао е вистинско здраво задоволство

by • March 24, 2017 • MyLife, Актуелно, Биокосмос продавници, Живот, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Какао е вистинско здраво задоволство1941

Едно од најпопуларните дрва на светот е какао дрвото од чив плод се добива чоколадата. Јестивите делови на какаото, мешунките и зрната се преработуваат и од нив се произведува какао во прав, какао путер итн. на кои сите нас ни дава слатки задоволства.

Cacao-tree-Felines-and-Fibre-Arts

Поради нивното лековито и афродизијачко дејство, какао зрната биле многу ценети и користени како валута за тргување меѓу древните цивилизации на Јужна Америка. Гласини има дека и Казанова бил љубител на какао зрната.

Најстарите докази за користење на обработено какао за ингестија оди назад до 1400 п.н.е., при собирање на откритија на остатоци од какао на керамика ископана во Хондурас, која била користена за правење напиток за возрасни. Засладената форма на какао се појавува при доаѓањето на Европејците во Новиот свет, кои го пробале какаото во течна форма. Иако на повеќето не им се допаднало одпрвин но потоа додавајќи мед во какаото откриле дека е вкусна посластица. До 17 век со формата на чоколадо секој бил запознаен во цела Европа, а потоа и во целот свет.

Cacao-Now-11

Во прилог прочитајте зошто какао е вистинско здраво задоволство, вистинскиот избор за вас и кои здравствени придобивки ќе ги имате при употреба на истото.

Живееме во доба каде сме изложени на секакви токсини; изложеност на сонце, чад од цигари, загадување од токсични хемикалии, нездрава храна кои можат да ги ослободат и активираат слободните радикали во нашето тело кои лошо би влијаеле по нашето здравје. Антиоксидантите од храната која ја јадеме прават пресврт на овој процес, помагаат да се бори телото против болест и заштититуват при ослободување на штетните слободни радикали.

Тука можеме да го вклучиме какаото. Сировото какао во прав содржи повеќе од 300 различни хемиски соединенија и речиси е четири пати појак антиоксиданс од често користеното темно чоколадо и повеќе од 20 пати од боровинките. Протеини, калциум, каротин, тиамин, рибофлавин, магнезиум, сулфур, флавоноиди, антиоксиданси и есенцијални масни киселини исто така се присутни во какаото. Прецизна мешавина од сите овие елементи во комбинација служат за да се почне природен зачеток на фитохемикалиите кои имаат неверојатни бенифиции за нашето тело, намалувалувајќи го ЛДЛ холестеролот, подобрувајќи ја функцијата на срцето и намалување на ризикот од рак.

Фенетиламин е еден од нив. Големи дози на ова сооединение е откриено дека се ослободува во нашето тело кога некој не привлекува. Тоа е природен олеснувач на стрес познат кога невротрансмитерите стимулираат лачење на ендорфин кој ни помага да бидеме скронцентрирани и фокусирани.

raw-cacao

Истражувањата покажаа дека чоколадото влијае на нашите чувства и расположение бидејќи го зголемува нивото на серотонин. Исто така го ослободува невротрансмитерот наречен теобромин, благ стимуланс кој понекогаш се користи како третман на депресија. Дополнително ослободува соединение анандамид, кој произведува уникатно еуфорично чувство на релаксација и задоволство.

За оние кои мислат дека чоколадото е лошо за вас, бидете сигурни дека има само еден грам шеќер во половина чаша сирово какао. Тоа за што се користи какаото ја прави разликата. За жал, со висока топлина на обработка и преработка во произвоството на различните видови на какао штетат на микронутриентите на зрното какао, заедно со сите негови здраствени придобивки.

И не е само тоа, туку додавањето на високо-фруктузен сируп, шеќер и хридрогенизирани масла, го ограничуваат реалниот износ на какаото, и млечните производи кои се додаваат ја блокираат апсорцијата на антиоксиданси, така да хранливите бенифиции во просечната чоколада се сведени на минимум.

Но, секогаш можете да направите своја чоколада, колачи или какао слатки. Тогаш ќе имате контрола врз производот и нутритивните придобивки кои ќе влијаат на вашето тело.

Raw-Cacao-Sea-Salt-Caramel-Cups-1200x800

Во прилог ви преставуваме многу едноставен и брз начин да приготвите свое чоколадно задоволство.

Состојки:

1 шоља (200гр) какао путер

3-5 лажици (45-75мл) агаве или јаворов сируп

½ шоља (48гр) незасладен какао прав

1 лажица ванила екстракт

Многу малку сол

Какао зрна за декор

Подготовка:

Во голем сад додате 5cm вода и ставете ја на средно-висока топлина.

EASY-Homemade-Vegan-Chocolate-Recipe-Simple-ingredients-naturally-sweetened-BETTER-than-storebought-vegan-chocolate-glutenfree-dessert-recipe-minimalistbaker

Пред да почне да врие ставете над неа стаклен или керамички сад во кој ќе ја правите смесата. Додатете го какао путерот, откако ќе се стопи додатете го агаве или јаворовиот сируп и убаво мешајте да смесата се сооедини. Ставете настрана и искучете го огинот.Во садот со смесата додадете ја правта од какао, ванилата и солта и мешајте брзо за да не се створат грутки.

EASY-Homemade-Vegan-Chocolate-Recipe-Simple-ingredients-naturally-sweetened-BETTER-than-storebought-vegan-chocolate-glutenfree-dessert-recipe-easy-minimalistbaker

Внимателно смесата излијте ја во одприлика 14 мали хартиени послужници, опционално посипете со грубо раскршени какао зрна и ставете во фрижидер 10 минути да се олади. Уживајте во десертот.

EASY-Homemade-Vegan-Chocolate-Recipe-Simple-ingredients-naturally-sweetened-BETTER-than-storebought-vegan-chocolate-glutenfree-recipe-dessert

 

 

Pin It

Related Posts

Comments are closed.