Patates

Зошто да јадеме повеќе компир?

by • March 28, 2017 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, Рецепти, Уметност на живеењеComments Off on Зошто да јадеме повеќе компир?1168

Денеска зборуваме за потценетиот зеленчук, кој на сите ни е многу познат и застапен во нашата кујна. Дали печен, варен, гмечен или пржен, компирот е најпопуларниот прилог, главно јадење или состојка во салата. Компирот е еден од наjзастапените зеленчуци поради неговата достапност низ целата година.

Компирот припаѓа на фамилија зрновидни чии членови се исто доматите, црните домати и пиперките . Според нутритивната табела, компирот одлично стои во однос на неговите витамини, минерали и останати хранливи материи.

potatoes

Компирот е многу популарен извор на храна. Често пржен во вид на помфрит или чипс, полнет со павлака, путер или топено сирење, тој знае да биде изгласан како нездрава исхрана, но тоа е само заради начинот на кој што се приготвува. Компирот инаку е многу здрав, достапен, економичен и хранлив зеленчук. Подалеку од масти и пржења, на пример печениот компир е искучително здрава нискокалорична искхрана, богата со влакна која нуди заштита од кардиоваскуларни заболувања и рак.

Зошто да јадеме повеќе компир?

Компирот е добар избор на витамин Б6, калиум, бакар, витамин Ц, манган, фосфор, ниацин, влакна и пантотенска киселина.

Компирите содржат голем број на фитонутриенти кои имаат антиоксидантна активност која се бори против слободните радикали и ни овозможува здрав организам.

Spring-Pea-and-Potato-Salad-e1478811453390

Компирите имаат потенцијал да го намалат крвниот притисок

Одржувањето на ниско ниво на натриум е од суштинско значење за одржување на здрав крвен притисок, но со зголемување на калиумот може да биде исто така многу важно поради вазодисталициски ефекти. Истражувачите потврдија дека калиумот, калциумот и магнезиумот кои ги има во компирот треба да бидат присутни во организомот за да се регулира нормален крвен притисок.

Здравје на коските

Железото, фосфорот, калциумот, магнезиумот и цинкот во компирот придонесуваат за изградба и одржување на коскена структура и сила на коските.

Железото и цинкот играат клучна улога во произвоството и созревањето на калоген. Иако фосфорот и калциумот се важни за коскената структура, неопходно е правилна минерализација на коските за да се постигне внимателен баланс на две минерали – потрошувачка на фосфор со премногу малку калциум може да резултира со губење на коскената маса.

landscape-1473966617-clx0312124d

Здравје на срцето

Компирот е полн со влакна, калиум, витамин Ц и содржина на витамин Б6 кои во недостаток на холестерол сите даваат поддршка на здравјето на срцето.

Компирите содржат значителни количини на влакна, кои помагаат во намалување на вкупниот износ на холестерол во крвта, и со тоа се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Помага при воспаленија

Холинот е важна и разноврсна хранлива состојка која е присутна во компирот, помага при спиење, движење на мускулите, учењето и меморијата. Холин, исто така помага при одржување на структурата на клеточните мембрани, помага во пренесувањето на нервните импулси, апсорцијата на масти и го намалува хроничното воспаление.

jacket-potatoes-with-corned-beef-hash__hero

Рак

Комирите содржат фолна киселина, која игра улога во синтеза на ДНК и нејзина поправка, со што се спречува формирање на клетките на ракот од мутации на ДНК-та.

Влакната кои ги внесуваме од овошјето и зеленчукот како што се компирите, помагаат при намалувањето на ризик од рак на дебелото црево.  Витамин Ц и кварценинот функционираат како моќни антиоксиданти кои помагаат да се заштитат клетките од штетата на слободните радикали.

1033249144001_1795486872001_ari-origin05-arc-162-1345488273808

Одржување на здрава телесна тежина и ситост

Диететските влакна присутни во компирот се општо признати како важни фактори во контрола на телесната тежина и олеснувачка работа на дигестивниот систем. Овие соединенија ја зголемуваат ситоста и со тоа го намалуваат апетитот, при што ќе го намалите внесот на калории дневно.

Еден медиум величина компир содржи: енергија 164kcal, 0.2гр масти, 0гр холестерол, 37гр јагленихидрати, 4.7гр диетски влакна, 4.3гр протеин. Истата порција го содржи слениов процент од вашите секојдневни потреби: 2% калциум, 51% витамин Ц, 9% железо, 30% витамин Б, 12% магнезиум, 25% калиум.

Компирите содржат и фосфор, ниацин, фолна киселина, холин и цинк.

0d68dd0d-849d-4bb4-8c8b-e9848b99d2c1

Изберете го вистинскиот компир

Кога избирате комири изберете ги оние кои се тврди, без дамки и округлести. Избегнувајте ги оние кои се меки, имаат корења или имаат премногу дамки.

Најдобро е да купите не пакувани компири за да можете сами да ги изберете и не миени (бидејќи предвремено миење на компирите може да го уништи нивниот заштитен слој) со цел да се избегнат бактериски израстоци.

Компирите треба да се чуваат во сув и темен дел со околу темепература 10 степени. Доколку ги изложите на сонце може да дојде до формирање на соланин, а складирањето на компири во фрижидер предизвикува нивната содржина на скроб да се конвертира во шеќер и поради тоа ќе дојде до непријатен вкус.

Компирите избегнувајте да ги чувате околу кромидот, бидејќи двата зеленчука емитуваат природни гасови кои предизвикуваат на соседниот предвремено распаѓање.

Целосно израснати компири имаат рок на траење до два месеци, но расипаните компири негативно влијаат на компирите кои се здрави и ги опколуваат, така да треба да се острани некој расипан доколку го има за да не дојде до панатамошно расипување на останатите.

Бидејќи голем дел од витамини, минерали и содржина на влакна се наоѓа во кожата на комирот, најдобро би било да се консумираат со кожата. Можете да ги измиете убаво под млаз вода и да ги остраните сите дамки со нож, така можете да ја оставите кожата при подготовка.

Важно е да не се консумираат компири кои ‘ртат или имаат зелена дисколорација. Овие карактеристики се показатели на присуство на соланин, токсична состојка која предизвикува циркулаторни и респораторни проблеми, како што се главоболка, мускулни грчеви и дијареа.

0227360_630x355

Компирот може да биде од обичен прилог до специјалитет во нашата кујна, секогаш добар партнер со останатите зеленчуци, млечни или месни производи. Во било каков рецепт се снаоѓа добро и адаптира, така да сега имате уште повеќе причини да го вкучите во вашите секојдневни јадења.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.