Чоколадна посна торта

by • April 3, 2017 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, Исхрана, РецептиComments Off on Чоколадна посна торта4768

Во овие посни денови (или ако сте веган) доколку роденденот ви се наближува сигурно се мислите каква ли торта да направите но да биде сочна, вкусна и богата како традиционалните торти кои содржат млечните производи. Ние ви нудиме решение.

Во прилог ви претставуваме одлична посна замена. Дали за некоја свеченост или чисто од мерак, оваа чоколадно посна торта е едноставна да се направи, вкусна и убава на изглед.

e9f99370d3a2d3e52690bbbff548f754

Состојки:

1 шоља + 6 лажици интегрално брашно од спелт

¼ шоља + 2 лажици какао во прав

½ лажица прашок за пециво

½ шоља + 1/3 шоља бел шеќер

1 лажиче сол

4 лажици + 2 лажички масло од канола

½ чаша бадемово млеко

3 лажици јаворов сируп

За фил:

2 шољи полни со авокадо (отприлика 4 медиум големина авокада), олупени, гмечени

1/3 шоља бадемово млеко

2/3 шоља јаворов сируп

1 лажица путер од кикирики

¼ лажиче сол

1 лажица ванила екстракт

1 шоља + 2 лажици чоколадни трошки

¼ шоља какао во прав

2297afdf300e

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Во голем сад, заедно измешајте ги сите суви состојки (брашното од спелт, какаото во прав, прашок за пециво, шеќерта и солта). Во медиум сад разматете ги влажните состојки (маслото, јаворовиот сируп и бадемовото млеко). Додате ги влажните состојки во сувите и добро мешајте.

Во 25cm калап за торта раширете го тестото по целата површина со мокра лажица или влажни раце. Тестото ќе биде многу лепливо па со влажноста ќе си ги заштитите рацете или лажицата. Се шири тестото што е можно порамномерно и се пече на 200 степени 22-25 минути.

Во меѓувреме подгответе го филот со сите состојки во блендер освен чоколадните трошки. Мешајте додека смесата не стане мазна и соединета.

Кога тестото ќе се испече, извадете го од рерна да се излади околу 5-10 минути. Сега стопете ги чоколадните трошки, и стопени додатете ги во блендираниот фил. Мешајте додека не се изедначи смесата. Со лажица ставете го филот над тестото од тортата, со шпатула убаво изедначете го рамномерно филот по целата содржина на тестото. Ставете ја тортата во фрижидер 1-2 часа.

Извадете ја од фрижидер тортата и оставете ја 10-15 минути пред да ја исечете и послужите. Уживајте.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.