470452228_XS

6 докажани бенифити на јаболковиот оцет

by • April 7, 2017 • MyLife, Актуелно, Без глутен, Биокосмос продавници, Живот, Здравје, Исхрана, Рецепти, Убавина, Уметност на живеењеComments Off on 6 докажани бенифити на јаболковиот оцет1257

Со векови оцетот се користи за различни рецепти и кулинарски препарати во домаќинтвото. Тој е исто така древен народен лек кој може да помогне при разни видови на здравствени проблеми.  Најпопуларен оцет е јаболковиот оцет.

Се тврди дека јаболковиот оцет е преполн со здравствени придобивки на тој кој што го користи, и истите се поддржани од страна на науката.

Некои од нив се губење на тежина, пониско ниво на шеќер во крвта и подобрување на симптомите на дијабетисот.

Во следниов прилог прочитајте 6 докажани бенифити на јаболковиот оцет.

1. Висок процент на ацетична киселина, која има моќен биолошки ефект.

Оцетот е направен од два чекора, поврзани со тоа како се прави алкохол.  Првиот чекор е така што смачканите јаболка (или сокта од нив) се изложува на квасец кој ферментира шеќер и ги претвора во алкохол.

Во вториот чекор се додаваат бактерии на растворот од алкохол кој што сеуште ферментира и се претвора во ацетична киселина, главното соеднинение на оцет.

На француски зборот оцет “vinаigre” значи кисело вино.

Органски, нефилтриран јаболков оцет исто содржи ниски протеини, ензими и пријателски бактерии кои се додаваат во производот налик на пајажина.

Некои луѓе веруваат дека ваквиот оцет е највиновен за здравствените придобивки, но моментално нема ни една студија која го подржува тоа мислење.

Една лажица јаболков оцет содржи само 3 калории.

Нема многу витамини или минерали во него, но има одредено количество на калиум. Исто така поголемо количество на јаболков оцет содржи амино киселини и антиоксиданси.

Apple_cider_vinegar

2. Може да убие многу видови на бактерии

Оцетот може да убие многу патогени микроорганизми, вклучувајќи ја и бактеријата. Тој традиционално се користи за чистење и дезинфекција, лекување на ноктите од габи, против вошки, брадавици и инфекции на увото.

Хипократ, таткото на модерната медицина, оцетот го користел за лечење на раната, ова било пред две илјади години.

Оцетот се користи како конзерванс на храната, а истражувањата покажуваат дека тој инхибира бактерии како (E.Koli) да расте во храната и да ја расипува.

Ако сте во потрага на природен начин на зачувување на храната, тогаш јаболковиот оцет е одличен корисен избор.

Исто така, има анегдотски извештаи дека разреден јаболков оцет помага со акни, и се применува на кожата за подобар изглед на истата.

3. Го намалува нивото на шеќер во крвта и се бори против дијабетис

До сега најуспешна придобивка има јаболковиот оцет кај пациентите со дијабетис тип 2.

Дијабетис тип 2 се карактеризира со зголемен шеќер во крвта или во контекст на инсулинска резистетност или неспособност да се произведува инсулин. Сепак, покачен шеќер во крвта исто така може да биде проблем за луѓето кои немаат дијабетис, се верува дека тоа е причинител за стареењето и разните хронични болести.

Така да сите би имале корист од тоа да го сочуваат нивото на шеќерот во крвта стабилен.

Најефективен и најздрав начин да го направите тоа е со избегнување на рафинирани јагленихидрати и шеќер, но јаболковиот оцет тука може да има моќен ефект.

Оцетот се покажа да има голем број на бенифиции за инсулин функцијата и нивото на шеќерот во крвта.

Подобрува чуствителност на инсулин за време на високо-хидратен оброк од страна на 19-34% и значително го намалува нивото на гликоза.

Го намалува шеќерот во крвта за 34% кога се јаде само 50гр бел леб.

2 лажици јаболков оцет пред спиење може да ги намали шеќерите во крвта за 4%.

Бројни студии покажуваат дека оцетот може да ја зголеми чуствителноста на инсулин и значително да ја намали шеќерта во крвта  за време на оброци.

Поради овие причини доколку имате проблеми со шеќерта во крвта јаболковиот оцет е вистински одговор за вашиот проблем.

apple-cider-vinegar-e1465575986739

4. Помага при губење на телесната тежина и прави да се чувствувате сити

Со оглед на тоа дека оцетот го намалува шеќерот во крвта и инсулинот, прави смисла дека може да помогне при губење на телесната тежина.

Неколку студии сугерираат дека оцетот може да ја зголеми ситоста, да ви помогне да јадете помалку калории, да дури и да доведе до целосно губење на телесната тежина.

Оцетот заедно со високо-хидратни оброци може да го зголеми чувството на исполнетот и да ги натера луѓето да јадат 200-275 помалку калории во текот на дента.

Со намалувањето на внес на калории, со тек на времетето се намалува и телесната тежина.

Една студија на лица со прекумерна тежина покажа дека дневна конзумација на оцет дојде до намалување на мастите во стомакот, обемот на половината, намалување на триглецеридите во крвта и губење на телесната тежина.

15 мл (1 лажица) на ден се губи 1.12 килограми.

30мл (2 лажици) на ден се губи 1.7 килограми.

Меѓутоа, имајте на ум дека оваа студија траела 12 недели, па големината на губењето на калории изгледа скромна во споредба на времето.

Сепак ќе треба целосно животниот стил да се комбинира со користењето на оцет за да се има видливи ефекти.

5. Го намалува холестеролот и ризикот од срцеви заболувања

Крадиоваскуларните болести (болести на срцето и мозочен удар) се во моментов најголема причина за смрт во светот.

Познато е дека неколку мерливи биолошки фактори се поврзани со или намален или зголемен ризик од кардиоваскуларни болести.

Неколку од овие “фактори на ризик” се покажаа со подобрување при употреба на оцет.

Студиите покажуваат дека јаболковиот оцет може да го намали нивото на холестерол и триглицериди во крвта.

Јаболковиот оцет исто така е антиоксиданс кој пружа заштита на ЛДЛ холестерол честички кои оксидиират, клучен чекор во процесот на срцева болест.

Исто така постојат студии кои покажуваат дека го намалува крвниот пристисок (главен фактор на ризик).

jabolkov ocet-430x430

6. Може да има заштитен ефект против ракот

Рак е страшна болест, назначена со неконтролиран раст во клетките.  Постои многу разговори околу тоа дека јаболковиот оцет има анти-канцероген ефект.

Некои студии покажале дека оцетот може да ги убие клетките на ракот и да намали тумори.

Сепак овие студии се направени врз изолирани клетки во епрувети или на стаорци.

Иако целокупно не е докажана теоријата но сепак може да послужи како превентива.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.