Banana pound cake

Банана леб

by • November 13, 2017 • MyLife, Актуелно, Без глутен, РецептиComments Off on Банана леб1337

Нашата ќеркичка е скоро 4.5 годинки и последно време имаме се повеќе девојчиња и пријатели што доѓаат во нашиот дом. Една од нивните најомилени игри е да готват или припремаат чај или кафе во нивниот имагинарен свет за нас возрасните.

Нашата ќеркичка исто така многу сака кога јас припремам некој интересен здрав специјалитет за нашите гости, но понекогаш тоа одзема многу време. Овој Леб со Банана е брза, многу вкусна и здрава закуска која е идеална за чајанки или кафе забави. Исто така лебот со банана може да се јаде наутро како појадок за целата фамилија. Банана лебот е доста едноставен да се направи и припремата трае само неколку минути. Ние го сакаме банана лебот не само поради тоа што е превкусен туку и поради здравите состојки што ги содржи бананата како овошје.

Banana pound cake

Banana pound cake

Здравите бенефиции од бананата се:

  1. Добар извор на калиум! Високиот крвен притисок е се позастапен помеѓу децата денес. Бананата го намалува крвниот притисок.
  2. Дали вашите деца имаат киселинна во желудникот? Бананата е природен неутрализатор на желудочна киселина.
  3. Бананата содржи Витамини Б (ја подобрува функцијата на нервите)
  4. Бананата е добар извор на целулоза. Многу деца имаат проблем со пробавата, а целулозата го регулира тој проблем.

Вашите деца ќе сакаат да го имаат овој здрав вкусен банана леб на нивната имагинарна чајанка или кафе забава.

Сервирање: 4 особи

Припрема: 10 минути

Се пече: 50 минути

Состојки:

1 3/4 шоља Био Космос брашно овесно интегрално брашно или Био Космос органска мешавина на безглутенски брашна.

2 кафени лажички прашок за пециво

1/2 кафена лажичка Био Космос хималајска сол

1/2 кафена лажичка Био Космос органски цејлоснки цимет

1/3 шоља Био Космос нерафиниран жолт шеќер

2 банани

1/4 шоља Био Космос органско кокосово масло

1/4 шоља јогурт или павлака

2 кафени лажички Био Космос Ванила екстракт.

Начин на припрема:

  1. Пуштете ја релната да се загрева на 180 °С
  2. Ставете ги првите пет состојки во еден длабок сад.
  3. Испасирајте ги бананите
  4. Првите пет состојки измешајте го во посебен сад и додајте го испасираните банани
  5. Потоа додајте го останатите состојки и мешајте се додека не се добие убава смеса.
  6. Ставете ја смесата во сад за печење за една употреба 22х12 см
  7. Смесата можете да ја попрскате со Био Космос нерафиниран жолт шеќер или со Био Kосмос органски овесни снегулки за крцкав вкус.
  8. Банана лебот се пече 45-55 минути.

Banana pound cake

Уживајте вие и вашите деца во овој превкусен здрав оборк.

http://www.biocosmos.mk/

Pin It

Related Posts

Comments are closed.