Acerola_shishe_montirana_1

ПРИРОДЕН ВИТАМИН Ц – НАЈВАЖЕН ВИТАМИН ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ

by • December 1, 2017 • MyLife, Актуелно, Без глутен, Биокосмос продавници, Биокосмос производи, Деца, Е-продавница, ИсхранаComments Off on ПРИРОДЕН ВИТАМИН Ц – НАЈВАЖЕН ВИТАМИН ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ525

Конзумирајте Витамин Ц – Ацерола за подобро здравје.

Acerola_shishe_montirana_1

Колку пати сте слушнале вашите родители да рачат “Испијте го сокот од портокал ви треба повеќе Витамин Ц?“.

Сигурно кога сте биле помали во училиште на час сте слушале многу околу придобивките на Витамин Ц. Исто така може имате некое благо сеќавање од часот по историја дека многу морнари и истражувачи во минатото пателе од таканаречената Скорбут болест, настаната од недостиг на Витамин Ц. Но, денес Скорбут болеста е многу ретка. Луѓето се повеќе се информираат за бенифициите од Витаминот Ц.

Што е Витамин Ц?

Витамин Ц исто познат како аскорбинска киселина е водно абсорбирачки нутриент кој се наоѓа во храната. Тој е многу јак антиоксидант, кој го заштитува вашето тело од слободните радикали. Слободните радикали играат клучна улога во процесот на стареење, така да конзумирањето на Витамин Ц ќе го заштити вашето здравје и сега и годините што доаѓаат.

Колку Витамин Ц ви е потребно?

Количината на Витамин Ц задолжителна во текот на денот зависи од старосната година. Според Food and Nutrition Board FNB на Institute of Medicine IOM на новороденчињата во раст им е потребно 50мг., но потоа количината паѓа на 15 капки за деца до 3години. За возрасни мажи дневната потребна количина е 90мг., а за возрасни жени е 75мг.

Бенифиции од Витамин Ц.

  1. Го заштитува вашето здравје од настинки.
  2. Витамин Ц помага за подобро абсорбирање на железото во нашиот систем.
  3. Заштитува од Скорбут болест.
  4. Го намалува ризикот од развивање на уринарна инфекција.
  5. Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.
  6. Го намалува ризикот од добивање на Алцхајмерова болест.
  7. Го намалува ризикот на уништување на мускулното ткиво при спортување.

Иако Витамин Ц е доста застапен во храната, како на пример го има во цитрус, црвена пиперка, зелена пиперка, киви, јагоди, брокула, печен компир, диња… Витамин Ц може да се конзумира преку сублементи. На пример еден од најдобрите е Ацерола. Ацеролата која содржи најмногу Витамин Ц помага во менаџирањето на дијабетисот, заштитува од разни болести при стареењето, помага при регулирањето на хормонскиот дизбаланс, помага при одржувањето на здраво срце, помага при одржувањето на општ добар имунитет.

Pin It

Related Posts

Comments are closed.