Етерично масло од портокал

by • December 5, 2017 • MyLife, Актуелно, Биокосмос продавници, Биокосмос производи, Е-продавница, Здравје, УбавинаComments Off on Етерично масло од портокал679

Портокал (Citrus Sinensis) припаѓа на Rutaceae фамилија. Цветовите од портокал се разликуваат по своите ароматични карактеристики и самото овошје е потемно од останатите цитрусни овошја. Се смета дека дрвото од портокал прв пат се појавило во Кина па потоа е масовно култивирано на Медитеранот потоцно Франција и Португалија, и потоа во Северна и Јужна Америка. 

Eterichno_maslo_pridobivki_1

Маслото од портокал често се употребува во ароматерапијата бидејки ја ослободува тензијата на мускулите и го подобрува општото расположение кај луѓето.
Маслото од портокал доста често се користи како додаток на арома во пијалоци, благи печени меса, чоколада, бисквити, и останати пецива и торти. Индустриски доста се користи во освежувачи на соби, дезодоранси, сапуни, лосиони за тело и разни креми. Се верува дека мслото од портокал има доста здраствени придобивки, има и анти инфламаторно, антисептичко, антидепресивно и антиоксидантно дејство.

Како тоник, маслото од портокал помага да се намали инфламацијата во телото со тоа што ја намалува болката и иритацијата. Исто така има и карминативно дејство со тоа што ги ослобудува гасовите во стомакот, што предизвикуваат болка и индигестија. Некои органски нутриционисти веруваат дека мслото од портокал може да помогне и при ослободување на мускулни и нервни спазмови. Во ароматерапијата маслото од портокал помага при намалување на анксиозност, лутина, и депресија. Исто така помага при подобрување на општиот имунитет кај луѓето.
Есенцијалното масло од портокал е добро да се користи за сува, иритирана и проблематична кожа. Може да се измеша со носиво масло и да се користи како крема или маст. Маслото од портокал симболизира среќа и топлина кога се користи во ароматерапијата. Помага при алиминација на токсините во телото.
Производите на Био Космос можете да ги најдете  на: http://www.biocosmos.mk/
Pin It

Related Posts

Comments are closed.