Тестенини од леќа, наут и грав-популарни и вкусни

by • September 25, 2018 • MyLife, Актуелно, Живот, Здравје, ИсхранаComments Off on Тестенини од леќа, наут и грав-популарни и вкусни486

 

Тестенините направени од житарки не се толку популарни како што беа пред неколку декади. Порастот на број на луѓе кои се склони кон дебелеење, како и зголемената свест за бенефитите на храната богата со растителни влакна и сложени јаглени-хидрати, значат дека на пченичните тестенини им се намали популарноста.

За да се задоволат барањата на се поголемата група луѓе кои бараат да ги заменат порциите паста обременети со јаглени-хидрати со поздрава алтернатива, беа направени различни обиди да и се даде ново лице на традиционалната паста. Неодамна едно истражување тврдеше дека со консумирање на паста може да се изгуби на тежина, но меѓу редови прочитано, овој резултат се однесува на консумирање на порции кои се 55-75 г, додека во пракса порциите на паста во рецептите се често и до 100 г по лице.

Но, најновите трендови во производството на тестенини не водат кон тестенини направени од брашно од мешунки, кои имаат изобилие на бои, форми и големини. Овие тестенини се направени од мешунки како црвена леќа, кафена леќа, наут, грашок, разни видови гравчиња. Тие се богати со протеини и растителни влакна, и го привлекуваат интересот на потрошувачите со зголемена свест за своето здравје.

Широк ранг на здравствени тврдења е поврзан со тестенините од мешунки: тие содржат 4 пати повеќе растителни влакна од традиционалните тестенини (направени од дурум пченица и јајца), и околу 1/3 помалку јаглени-хидрати од нив. Пастата од мешунки може да се брои и како еден од вашите 5 препорачани зеленчуци кои треба да ги консумирате во тек на денот, а амино-киселините кои ги содржат некои од мешунките помагаат при обновување на клетките и раст на мускулите и ткивата.

Тука зборуваме за производ кои тропнува на вратата на високо-протеинска содржина: Исхраната сиромашна со јаглени-хидрати, кога е комбинирана со високо-протеинска храна, се смета дека е добар начин да се одржи добра линија, помеѓу другите здравствени придобивки.

Растителните протеини се посебно добри во борбата против кардиоваскуларните болести. Иако овие тестенини се богати со протеини, тие не се ниско-калорични, но иако е тоа така, тие обезбездуваат бавно-ослободувачка енергија во организмот.

Последно, но не и неважно-каков е вкусот на овие тестенини? И можат ли тие да обезбедат задоволителна замена на секојдневната брза порција пченични тестенини која сеуште важи за економична и лесно достапна храна? Ајде да ги ставиме на тест.

 

 

Pin It

Related Posts

Comments are closed.