АРГАН – течното злато од Мароко

847

Постои одреден вид на дрво во Мароко, наречено Aрган, кое произведува многу добри растителни масла од своите зрна. Тоа е ендемично дрво, и употрeбата на маслото е откриена неодамна. Во Мароко, ова масло се користи ви исхраната, речиси како стандардното маслиново масло. Маслото се извлекува од 1-3 јатки кои се наоѓаат во тврда лушпа опкружена со пулпа. Aрган – течното злато од Мароко се користи за кулинарски цели, како и во козметиката, и често се додава во кускус, салати и сосови. Aрган пулпата може да се направи во вид на паста за да се мачка на десерти и леб, слично како путер од кикиритки. Маслото може директно да се нанесува на кожата во одредени услови, или измешано со други креми, мелеми, или слични масла. Многу луѓе истo така го користат маслото директно на косата. Со оглед на неговата употреба во храната, аргановото масло е едно од повеќето разновидни природни масла, кое што може безбедно да се употребува  директно во устата.

 ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД АРГАНОВО МАСЛО

Aргановото масло има големи придобивки за здравјето на човекот, особено неговата способност да го забрза заздравувањето на раните, ја навлажнува на кожата, го забавува стареењето, го намалува  холестеролот, помага во лекување на ракот, го подобрува здравјето на косата,го подобрува  варењето на храната, го намалува воспалението, го заштитува  црниот дроб, го регулира  дијабетесот, ги зајакнува ноктите, и го зајакнува здравјето на срцето.

Нега на кожата:

Најпозната и најчеста употреба на арган маслото е во вид на третман на кожата. Тритерпеноидите кои се наоѓаат во ова моќно масло, во комбинација со другите органски соединенија кои се наоѓаат во маслото, се способни да ја елиминираат појавата на флеки и лузни, па дури и може да влијае на појавата на акни и дерматитис. Исто така, ако имате било какви туморни клетки на кожата, со испарување на соединенијата од аргановото масло може да ги намали, а кожата да ја чувствувате како подмладена. Предвремено стареење е сериозен проблем за многу луѓе, па со аргановото масло може да се спречат оние типични симптоми на стареењето.

arganovo-ulje-za-kosu

Заштита од сонце:

И покрај тоа што е убаво да се биде надвор на сонце, УВ зрачењето од сонцето може да има голем број на негативни ефекти врз кожата, косата и ноктите. За среќа, соединенијата во арган маслото можат да не заштитат од овие негативни ефекти, кои може значително да го забрзаат процесот на стареење, а исто така да предизвикаат рак на кожата. Тоа, исто така ги регенерира клетките и го зголемува целокупното здравје.

За здраво срце:

Користење на масла за готвење е нешто што сите го правиме, но изборот на поздрава опција како арган масло може да помогне да се ребалансира нивото на холестерол. Со намалување на вашето ниво на лош холестерол, и зголемување на нивото на холестерол ХДЛ, може да помогне да се спречи атеросклероза, срцев и мозочен удар, како и други сериозни проблеми на срцето предизвикани од холестеролот.

Превенција од рак:

Арган маслото е полно со антиоксиданси и тритерпеноиди, кои можат директно да влијаат на нивото на слободните радикали во телото. Слободните радикали можат да предизвикаат рак и други хронични заболувања. Ракот на простатата и ракот на мочниот меур се главните области на студии досега, но општите анти-воспалителни својства на арган маслото можат да помогнат во намалување на туморите и други малигни израстоци низ целото тело.

Варење на храната:

Многу луѓе јадат правилно, но нивните тела неправилно ја превземат храната што им е потребна. Органските соединенија во арган маслото може да го зголемат нивото на пепсин во стомакот, и исто така, да ги зголеми гастричните сокови, што резултира со поефикасно варење на храната и поголем внес на хранливи материи.

agranovo maslo so kosa

Здрава коса:

Луѓето  секогаш се во потрага по начини за подобрување на својот изглед. Ако имате расцветани завршетоци, што иритира милиони луѓе ширум светот, додавајќи арган масло директно на вашата коса може да биде брз и ефикасен лек. Високата концентрација на витамин Е во аргановото масло, може да ја подмлади косата, да ги заштити фоликулите, и да го подобри сјајот на косата.

Квалитет на ноктите:

Нездравите нокти се повеќе од само непривлечни; тие исто така привлекуваат бактерии и габични инфекции. Арган маслото може да ги заштити вашите нокти од широк спектар на инфекции и да го подобри изгледот и бојата на вашите нокти.

agranovo maslo za race

Здрав црн дроб:

Црниот дроб не е само еден од најделикатните органи во телото, туку и еден од најважните. Затоа на црниот дроб можеме да му дадеме поттик. Арган маслото може да го зајакне здравјето на вашиот црн дроб, и затоа секогаш додадавајте малку масло во еден од вашите оброци!

Заздравувањето на раните:

Ако имате рана  на вашата кожа и сакате не само да заздрави, туку и да спречите инфекција, се применува арганово масло локално на кожата.

Предупредување: Нема чести несакани ефекти од користењето на арган маслото, но може да се појават алергиски реакции во вид на осип на кожата, и во еден екстремен случај – анафилакса. Секогаш треба да се советувате со вашиот лекар пред да употребувате хербален лек за подобро здравје, и секогаш купувајте арган масло од реномирани и проверени специјализирани продавници.

Message