Совети за оние кои сакаат да станат вегани

102

Искусните вегани кои долго време го практикуваат тој режим на исхрана споделуваат совети со оние кои се почетници или кои сакаат да направат промена во начинот на исхрана.

Првиот совет е да почнете со растителна храна што е одгледана на природен начин. Не се обидувајте да ги исфрлите сите омилени намирници од исхраната веднаш, туку тоа правете го чекор по чекор. Сепак, житарките и мешункастите плодови можат да ви помогнат да се заситите и да ја добиете потребната енергија во текот на денот.

Избегнувајте алтернативи на месо и млеко колку можете подолго. Искусните вегани советуваат дека не треба веднаш да почнете со експериментирање на алтернативите за месо, бидејќи големи се шансите да се чувствувате лошо. Желудникот поинаку ќе реагира ако се воздржите и не јадете плескавица цела година, па дури потоа да пробате некоја замена за месо.

Не заборавајте да ги читате декларациите на производите, бидејќи млекото често пати може да биде скриена состојка и ако не сакате да го доведете во прашање вашето веганство, обрнете внимание на тоа.

Бидејќи секој од нас може да биде алергичен на некоја состојка без да знае, најдобриот совет е при започнување со нов начин на исхрана, внимателно да следите вашиот организам. Можеби вегетаријанското месо или соја не се за секој кој сака да стане веган.

Не претерувајте, советуваат искусните вегани. Тоа значи никогаш да не се доведувате во ситуација да почувствувате криза. Бидете умерени во транформацијата кон веганство, со еден оброк дневно или еден ден посветен само на веганска храна во текот на неделата. Така, полесно ќе се навикнете и нема да ви биде тежок периодот на транзиција.