Во овие ситуации (не) треба да пиете вода

67

Хидратацијата е многу важна за нормално одвивање на метаболичките процеси во организмот. Препорачаниот дневен внес е околу осум чаши или два литра вода. Но, сепак постојат ситуации кога треба да избегнувате да пиете вода.

По обилен ручек – доколку сте имале обилен оброк, во тој случај во стомакот нема да имате место за многу вода. Одморете барем 10-тина минути за да почне храната да се процесуира.

Веднаш по вежбање – ако сте имале напорен тренинг и премногу сте се испотиле, нормално е дека телото ќе почне да дава знаци дека е жедно. Но, не е најпаметен избор веднаш да се напиете вода. Во ситуации кога премногу сте испотени, потребно е да ги надоместите загубените електролити.

Ако веќе сте се напиле доволно вода – рутината за редовно пиење вода треба да ви биде секојдневна, но не смеете да претерувате. Дури и претераното пиење вода може да биде лошо за организмот.