Во оралната хигиена не го заборавајте и забниот конец

111

Оралното здравје започнува со чисти заби.Насмевката може да каже многу за вас, вашата личност, расположение, вашата чесност, но најмногу за вашето орално здравје. За одржување на добро орално здравје неопходна е секојдневна рутинска нега. Соодветна четка за заби, вистинска паста за заби и ефикасен забен конец се основните средства кои ви се потребни да ги задржите вашите непца и заби здрави цел живот.

Користењето на конец за заби е еден од главните предуслови за квалитетна орална хигиена. Четката не може да стигне до тесниот простор меѓу забите или под непцето. Поради тоа, чистењето со конец е многу важно. Додека чистите со конец:

Не штедете. Скинете отприлика 46 см од забниот конец. Извртете поголема количина од конецот околу средниот прст на едната рака, и остатокот околу средниот прст на другата рака – оставајќи 3 см за чистење на првиот заб.

Еден по еден заб. Употребувајте ги палците и показалците и нежно влечете го конецот од непцето до врвот од забот за да се исчисти површината. Истријте го забот со конецот од сите страни. Одвртете нов дел од конецот и префрлете се на следниот заб.