Зошто треба да јадете спанаќ

95

Спанаќот е одлична храна. Преполн е со голем број нутриенти, а е нискокалоричен. Зелените листови се важни за кожата и за косата. Исто така, тие се полни со железо, протеини, витамини и минерали.

Можните здравствени придобивки од консумирањето спанаќ се подобрување на крвната слика кај луѓето со дијабетес, намалување на ризикот од канцер и подобрување на коскеното здравје.

Спанаќот се користи во сите кујни низ целата историја. Се приспособува лесно во секој режим на исхрана, а е евтин и лесен за приготвување.

Нутритивна вредност

Една чинија спанаќ содржи:
– калории 7;
– протеини 0,86 грама;
– калциум 30 милиграми;
– железо 0,81 грама;
– магнезиум 24 милиграми;
– калиум 167 милиграми;
– фолна киселина 58 микрограми.

Спанаќот исто така е богат со витамин К и фосфор, а најголемиот број калории во него се протеини и јаглехидрати.