Најдобриот рецепт за чудото од здрав пијалак – златното млеко

109

Куркумата е еден од најпознатите сојузници за исфрлање на течностите од телото, за спречување на воспаленијата и воспалителните процеси, но и за подобрување на варењето.

Пијте го ова златно млеко, познато уште и комерцијално како куркума-лате, а ова е основниот рецепт:

Состојки:

Една чаша млеко
Половина лажичка куркума во прав
Малку бибер
Малку кардамом во прав

Подготовка:

Ставете го млекото во сад на оган и уште додека е ладно додадете ги зачините. Кога ќе почне да се топли, додадете ја куркумата, додека смесата да се изедначи и да добие златна нијанса.

Варете додека малку да зоврие. Префрлете го млекото во чаша и оставете да се излади. Можете да додадете и цимет, ѓумбир или каранфилче. Ако сакате поблаг пијалак, засладете со малку мед.

Секогаш, наместо млеко од животинско потекло, може да користите некоја од неговите растителни варијанти (соино, оризово, бадемово…)