Не го фрлајте талогот од кафето бидејќи…

110

Кафето не е само напиток без којшто не можеме да функционираме, туку може да се користи и како едноставно средство за разубавување во домашни услови. Освен што е евтино, кафето, односно талогот од кафе може да се искористи на повеќе начини.

Маска за лице

Малку талог од кафе, јогурт и мед. Со овие три состојки што ги имате дома во секое време може да ја негувате кожата и да добиете нежен тен бе црвенила.

Маска против подочници

Доколку имате проблем со темни кругови околу очите тогаш може да си подготвите едноставна маска од талог од кафе. Сè што треба да направите е да ставите малку талог од кафе под очите и да оставите да делува околу 20 минути.

Пилинг против целулит

Талог од кафе може да замени скап пилинг за тело. Поради неговата тструктура и кофеинот, е одличен за нерамнините на кожата. Може да го промешате заедно со малку масло од кокос за да можете полесно да го нанесете.