Сè што треба да знаете за негата на кожата во зима

99

Од денеска повторно е ладно и суво, а се најавува и снег. Негата на кожата треба секогаш да ја прилагодите на условите надвор и никогаш не треба да ја прескокнувате или запоставувате.

Кога надвор дува ветер, тој ја одзема влажноста на кожата, што значи дека хидратацијата е особено важна. Без разлика на тоа што нема јако сонце, повторно морате да нанесувате и крема со заштитен фактор, бидејќи УВ-зрачењата и понатаму се присутни.

Покрај на лицето, треба да нанесувате и на ушите, но и на усните, односно да користите балсам. Во зима мора да користите и „потешки“ креми за лице, кои ве штитат од остриот воздух и ја задржуваат влажноста на кожата. Покрај тоа, тие се и многу хранливи. Оние кои и вообичаено имаат сува кожа, во вакви услови може да користат дури и масла за лице, благодарение на кои ќе ги вратите липидите.

Интензивниот балсам за усни е задолжителен, со оглед на тоа што усните немаат лојни жлезди, а со тоа ниту природно намастување и навлажнување. Внимавајте и да не се туширате со премногу жешка вода, односно потопла од 40 степени Целзиусови. Веднаш по туширањето, употребете путер за тело кој ѝ одговара на вашата кожа.

Секако, не заборавајте ниту на хидратацијата однатре. Внесувајте доволно течности, за да не дехидрира вашата кожа. Идеални се билните чаеви и секако, обичната негазирана вода.

Негувајте ги и рацете со соодветна крема, која содржи глицерин или шеа путер. На крај, никогаш не заборавајте да користите серум за делот околу очите. Се работи за дел со многу нежна кожа која лесно се суши, а сигурно и не сакате предвремена појава на брчки.